Неодоливо прасенце кое мисли дека е кутре

Погледнете го ова неодоливо прасенце кое мисли дека е кутре

Едно од овие четвороножни животинчиња не е како останатите, барем не според надворешниот изглед. Осумгодишното прасенце Олив е убедено дека е исто како останатите кутриња од екипата.

Неодоливо прасенце кое мисли дека е кутре

За Олив и нејзините четвороножни пријателчиња се грижи Алиса Чајлдс, фотограф од Сиднеј, Австралија заедно со нејзиниот сопруг Ник. Оваа двојка има посвоено и други животни како кози и кокошки, меѓутоа врската помеѓу Олив и нејзините крзнени пријатели е посебна. Олив несомнено се однесува како да е една од кучињата. Алиса вели дека таа секој час во денот го поминувала со нив и правела сè што правеле и тие – си играла со нив, спиела заедно со нив. Дури и кога кучињата трчале до портата и лаеле по нешто на улица, и таа трчала по нив.

Оваа поврзаност помеѓу прасето и кучињата е до некаде логична со оглед на тоа што свињите и кучињата имаат слични когнитивни способности. Во секој случај, наклонетоста што си ја покажале едни на други била вистинско изненадување за семејството Чајлдс. Алиса и Ник најмногу биле загрижени како Олив ќе се сложува со Лола, нивниот посвоен француски булдог која не била многу дружељубива со другите домашни животни. Меѓутоа, два дена по доаѓањето на Олив, таа се однесувала со доминантната Лола како да ѝ е мајка. Олив постојано ја следи Лола и се гали со неа, а Лола дури и ја чисти Олив како навистина да е нејзино кутре.

Погледнете ги овие преслатки фотографии кои се вистински доказ за вистинитоста на добро познатата изрека: „Со кого си – таков си“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар