Погледнете го ова необично домашно милениче кое стана вистинска Интернет сензација
Поголемиот дел од луѓето сакаат да чуваат домашни миленици. Вообичаено, станува збор за кучиња, мачки, папагали, но некои луѓе се поекстремни и чуваат тигри, змии, гуштери и други егзотични животни. Во денешно време не постои толку необично милениче кое би нѐ изненадило, бидејќи сѐ е веќе видено, но животинчето кое го чува ова момче од Америка, ги остави сите со подотворена уста. Во продолжение прочитајте повеќе за гасеницата чија животна приказна преку ноќ стана вистинска Интернет сензација…
Запознајте ја Чикен Нагет, гасеницата која била пронајдена во библиотека
Момчето со прекар Чудак (Oddity) почнало да го документира животот на Чикен Нагет на неговиот блог
Таа припаѓа на видот „papilio troilus“, гасеница која станува жолта пред да се трансформира во кукла (пупа).
Тоа значело дека Чикен Нагет набрзо ќе стане пеперутка
„Ѝ изградив дом и ѝ пуштав музика за побрзо да стане пеперутка“, изјавило момчето.
По неколку дена, Чикен Нагет се претворила во кукла (пупа) и во тој стадиум останала 14 дена
„Целото тоа чекање Чикен Нагет да се претвори во пеперутка беше навистина возбудливо“, напишало момчето на блогот.
На 15-тиот ден Чикен Нагет конечно станала пеперутка
„За жал не присуствував на тој прекрасен настан. Кога се вратив дома од училиште видов црна пеперутка како летка околу собата.“
Станувало збор за многу необична пеперутка
Миленичето на момчето имало полов диморфизам, што значи дека имало и машки и женски карактеристики. Затоа Чикен Нагет имала уникатни крилца: Едното делувало помало од другото, а бојата била различна кај двете.
Момчето ја чувало пеперутката дома уште еден ден, затоа што крилјата не ѝ биле целосно оформени. Наредниот ден ја пуштил Чикен Нагет на слобода
Погледнете го следново видео за да видите како изгледало збогувањето со овој навистина необичен домашен миленик.