Претходно
Погледнете го ова момче кое тотално откачува на омилените песни додека се вози со мајка му во автомобил
Датум: 30 јул 2016
Коментари: 0
Кога на радио ќе пуштат некоја од нашите омилени песни додека се возиме со некој во автомобил, понекогаш ни е срам целосно да се откачиме иако тоа е сѐ што сакаме да направиме во моментот. Па наместо тоа, се воздржуваме и срамежливо си потпевнуваме. Но, откако ќе го видите ова момче како ужива во музиката, воопшто нема да се мислите дали наредниот пат целосно да се препуштите на песната која целосно ве откачува. Притоа, ќе поминете низ следниве неколку фази…
Како да сте во транс кога ќе ги чуете првите стихови од вашата омилена песна
Затоа што ја чувствувате болката на секоја тажна песна во која се зборува за раскинување
И не можете да одолеете а да не откачите елегантно кога ќе го чуете ритамот на „Panda“
Не се ни обидувајте да не танцувате кога ќе ја чуете „One Dance“ – ритамот автоматски ги движи вашите рамена и колкови
Ако се воздржувате од тоа да запеете заедно со Рири на „Work“, тоа е најголемиот грев што можете да го направите
Мора да одвоиме време да ја погледнеме и мајката, која буквално е најдобриот пријател што некој би можел да го посака
Таа е како оној пријател кој доброволно се пријавува да ве вози кога сте испиле неколку чашки алкохол
Оној пријател на кого секогаш можете да се потпрете кога ќе претерате со шотовите
Вистинскиот херој!
Погледнете го целосното видео и откако ќе се изнасмеете до солзи, пуштете си ја вашата омилена песна и бесрамно препуштете се на нејзиниот ритам.