Погледнете го хендикепираното маче со најслатките изрази на лицето
Рекси е 3-годишно маче кое има скршен ‘рбет и не може да ги контролира своите задни нозе. Сепак, има навистина уникатен и необичен карактер, а неговото лице е богато со изрази. Неговата сопственичка, Даша Минаева, изјавила дека имаат врска како фотограф и модел.
„Фотографиите никогаш не ме разочаруваат“, изјавила таа.
Рекси бил бебе кога претходниот сопственик го малтретирал и го оставил парализиран. Сепак со текот на времето научил како да го живее животот до максимум без разлика на неговата состојба.
„Ги прави сите работи кои ги прават и другите мачки, само не може сам да оди во тоалет и да си ги чеша ушите. Но за тоа се овде луѓето!“
Даша го посвоила мачето откако било напуштено и оттогаш се неразделни.
На почетокот таа му набавила посебна инвалидска количка која му помагала да се движи низ куќата. Но, наскоро се покажало дека не е многу корисна.
„Многу му е подобро без количката. Мачките се многу независни и лесно се прилагодуваат. Рекси е многу поподвижен и му е поудобно движејќи се на 2 нозе.“
Продолжува на следната страница…