Погледнете ги најубавите деца кои полека, но сигурно го освојуваат светот - Part 2

Погледнете ги најубавите деца кои полека, но сигурно го освојуваат светот

Кристина Пименова

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Pimenova (@kristinapimenova) on

Светот одамна знае за ќерката на фудбалерот Руслан Пименов и неговата сопруга Глицерија, бидејќи Кристина ја маѓепсала целата планета со својата убавина. Кариерата во светот на модата ја започнала на 3 години и веќе има соработувано со брендовите како Прада, Долче и Габана, Армани, Кавали и Барбери.

Уште во 2014-та година, медиумите ја прогласија за најубавото девојче на светот, а како што расте, Кристина станува сè поубава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Pimenova (@kristinapimenova) on

На 10-годишна возраст, таа се преселила во Калифорнија каде што потпишала договор со модната агенција ЛА, за која многу модели можат само да сонуваат. Денес има 13 години и ја чека светла иднина.

Ланеја Грејс

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laneya Grace (@official_laneya_grace) on

Талентираното 15-годишно девојче од Сан Франциско често е споредувана со Синди Крафорт кога била на нејзини години, поради продорниот поглед и малата бенка над усните.

Нејзината неверојатна убави се должи на комбинација на гени – Ланеја носи шпанска, американска и филипинска крв. Потенцијалот за мода би забележан од страна на нејзината мајка која одлучила да ја однесе во агенција кога имала само 3 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laneya Grace (@official_laneya_grace) on

И покрај младите години, Ланеја од почетокот работела како возрасен модел – со редовно фотографирање, интервјуа, емисии. Од неодамна потпишала и договор со Дизни.

Ира Браун

10-годишната Ира одамна ја нарекуваат „жива барбика“. Но не е во прашање барбика која го постигнала својот изглед со помош на пластична хирургија, туку девојче со ангелско лице, исклучително крупни очи, преубави усни и веѓи.

Уште од најрана возраст, родителите на Ира ја носеле на натпревари за убавина, за најмлади, кои денес исто така го водат нејзиниот маркетинг. Велат дека девојчето е воодушевено од својот живот и дека ужива во коментарите од жирито, фотографирањето и гостувањето во емисија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар