Погледнете ги најчудните фестивали во светот

Погледнете ги најчудните фестивали во светот

Автор: Александра Чакаровска

Џереми Хантер е исклучителен фотограф, кој во своето 35 годишно искуство како новинар успеал да документира најразлични традиции, фестивали и обичаи во скоро 60 земји. Некои од овие фестивали се стари дури илјадници години, но сепак се слават и ден денес. Додека пак други, како резултат на глобализацијата, се исчезнати.

За својата работа, а особено за својот придонес во антропологијата, фотографијата и уметноста, Хантер е награден со 2 награди од УНЕСКО. Издвојуваме мал дел од фотографиите на кои се документирани едни од најчудните фестивали во светот.Погледнете ги најчудните фестивали во светотОвде е прикажан жител на Папуа Нова Гвинеја, држава во Океанија која е една од најретко истражените во светот. Со векови овде луѓето се бореле за земја, жени и свињи. Клановите, за да ја заштитат својата земја, ги мачкаат телата со кал, а на лицата ставаат страшни маски, како дел од психолошката интрига што треба да го маѓепса непријателот.Погледнете ги најчудните фестивали во светот„Црниот танц на змијата“ е ритуал кој исто така се практикува во Папуа Нова Гвинеја. Овој танц има голема улога во културниот живот на племињата, со кои тие ја искажуваат поврзаноста на групата како целина.Погледнете ги најчудните фестивали во светотНа сликата гледаме жена, која е препознатлива по кружната плоча во нејзината уста. Припаѓа на племето Мурси, кое живее во Јужна Етиопија. Според стручњаците, плочата го означува социјалниот статус на жената. Може да се извади само додека јаде и пие, но никако во присуство и во близина на мажи.Погледнете ги најчудните фестивали во светотАнгличаните го слават „Танцот на роговите“, стар фестивал на плодноста. Овој пагански празник секогаш се слави во определен термин, а тоа е понеделник, по првата недела после 4 септември. Учесниците носат рогови од ирвас, како дел од паганскиот обичај на ловење.Погледнете ги најчудните фестивали во светотФестивалот „Alphorn“се слави во Баварија. Наречен е по уникатните инструменти кои го добиле името alphorn. Овие несекојдневни направи се стари и по 100.000 години. Нивната вообичаена намена била да сигнализираат за време на војни, но на Алпите се користеле за да ги означат секојдневните случувања.Погледнете ги најчудните фестивали во светотОваа жена е сликана во Кајена, главниот град на Француска Гвајана, за време на фестивалските денови. Во овој период популарни се танцот и неверојатните костими, а жителите подготвуваат и интересни капи, означувајќи ги празниците.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар