Поглед кон животот во првата цивилизација

Поглед кон животот во првата цивилизација

Сумерската цивилизација е една од првите на Земјата. Пред повеќе од 7.000 години тие граделе патишта и ѕидови за нивниот прв град. Веројатно за прв пат во историјата на човекот, семејствата ги напуштиле нивните племиња и почнале да живеат урбан живот.

(11)pogled-kon-zhivotot-vo-prvata-civilizacija-kafepauza.mk

Ова исто така е прв пат некој во Месопотамија да живее во град со ѕидини. Луѓето работеле како администратори и учители, наместо секој да одгледува храна за себе. Животот во овој град бил нешто сосема ново, не само за луѓето што живееле таму, туку и за целото човештво. Многу малку е останато од овој живот. Сè што имаме се неколку плочи и урнатини од древните градови. Но тоа е сосем доволно за барем малку да откриеме за животот на луѓето во првата цивилизација.

1. Жените си имале сопствен јазик

(1)pogled-kon-zhivotot-vo-prvata-civilizacija-kafepauza.mk

Мажите и жените во Сумерија не биле еднакви. Кога мажите се буделе наутро, очекувале појадокот да биде спремен од жените. Кога имале деца, машките ги праќале на училиште, додека женските останувале дома. Животот на мажите и жените бил толку различен, што жените развиле сопствен јазик. Главниот сумерски јазик бил наречен Емегир, и го користеле и двата пола. Жените пак, имале сопствен дијалект наречен Емесал (женски јазик) и нема доказ дека некој маж го зборувал. Мажите веројатно го разбирале, но не го зборувале. Овој јазик бил користен за поезија и песни, најчесто кога мајките им пееле на децата.

2. Плаќале даноци пред да ги измислат парите

(2)pogled-kon-zhivotot-vo-prvata-civilizacija-kafepauza.mk

Даноците постојат долго пред појавата на парите. Често даноците на Сумерците не биле многу различни од нашите. Наместо пари тие му давале на кралот процент од нивното производство. Како и во модерните општества, богатите плаќале повисок данок. Но ова не бил единствениот начин за плаќање. Многу често луѓето биле викани да работат на јавни проекти. Мажот го напуштал домот на неколку месеци за да работи на државни фарми, да гради државни објекти или пак, да оди во војна. Богатите биле ослободени од овој начин на плаќање.

3. Животот се вртел околу пивото

(3)pogled-kon-zhivotot-vo-prvata-civilizacija-kafepauza.mk

Постои теорија дека цивилизациите настанале поради пивото. Луѓето почнале да стануваат фармери, според теоријата, за да можат да се опиваат. Тие биле „измамени“ да дојдат во градот со ветувања дека ќе добијат уште повеќе пиво. Без разлика дали ова е вистина или не, пивото имало голема улога во животот во Сумерија. Било служено со секој оброк и често било третирано како главно јадење. Се разбира, сумерското пиво се разликувало од денешното. Било густо како каша и имало каллив талог на дното, еден слој пена и мали прачиња леб кои останале од ферментацијата.

4. Се дрогирале со опиум

(4)pogled-kon-zhivotot-vo-prvata-civilizacija-kafepauza.mk

Сумерците одгледувале афион до околу 3000-тата година пред нашата ера. Немаме некои конкретни информации за употребата на афионот, но со самото тоа што го нарекувале „растение на радоста“ кажува доволно. Постојат теории дека афионот го користеле во медицината, но и за ова нема докази.

5. Кралот се венчал со нова свештеничка секоја годината

(5)pogled-kon-zhivotot-vo-prvata-civilizacija-kafepauza.mk

Секоја година кралот имал нова жена. Тој морал да се венча со една од свештеничките – група девици кои биле избрани поради нивното „совршено тело“. Ако не го правел ова, боговите би се налутиле и би ги направиле жените и почвата неплодни. Кралот и новата невеста морало да го изведат водењето љубов на боговите. Невестата била бањата, намирисана и облечена во најубавиот фустан. Кога пристигал кралот, тој ѝ давал подароци, а потоа оделе во соба исполнета со мирисни зачини и воделе љубов на церемонијален кревет кој бил направен само за таа намена.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар