Подвезица – детектор за неверство
Сте помислиле ли некогаш колку би било добро кога би можеле некако да дознаете дали вашата партнерка ве изневерува со друг? Сега можете да престанете да се двоумите, бидејќи има решение и на овој проблем.
Англискиот брачен пар Едвард и Лусинда Хејл измислиле револуционерен пронајдок – подвезица за неверство. Нивниот брак бил во криза поради неверство на сопругата. На Лусинда и било многу жал што го изневерила својот сопруг и посакала да постои нешто што на време би ја спречило да го стори тоа. Тоа им дало идеја и тие заедно почнале да размислуваат за пронајдок кој ќе им помогне на многу парови ширум светот.Подвезицата има вграден чип кој реагира кога жената е сексуално возбудена и автоматски испраќа СМС порака на изневерениот партнер. Чипот го регистрира забрзувањето на пулсот и промените на влажноста на кожата. Скептиците ќе кажат дека жената лесно може да ја извади подвезицата, но пронаоѓачите мислеле и на тоа. Жената треба да добие повратна СМС порака од партнерот за таа да се отклучи.
Својот пронајдок брачниот пар го продава преку веб-сајтот на Едвард. Ги нудат во две варијанти, тантелени и свилени и работата им оди одлично. Цената на подвезиците е од 60 до 75 фунти.
Штета што подвезици носат само жените и не можат истиве да се искористат за откривање на неверните мажи. Да се надеваме дека наскоро овој или некој друг пар, ќе смисли некое машко чорапче со чип кој испраќа СМС порака. 🙂