Почнете ги празниците со највкусните коктели
Посакајте им добредојде на зимата и празниците кои следуваат. Овие коктели ќе ви ја покажат прекрасната зима, која со нив станува топла, миризлива и вкусна.
.
Жешко празнично топло чоколадо
- 30 г топло чоколадо во прав
- 1 лажица какао
- пола лажиче чили во прав
- пола лажиче цимет во прав
- 180 мл врела вода
- 30 мл коњак
- 30 мл калуа ликер
Во стаклени чаши ставете малку топла вода за да се загрее чашата. За да не пукне, веднаш истурете ја водата. Ставете ги топлото чоколадо, какаото, чилито и циметот. Турете вода во чашата и промешајте. Додадете ги ликерот и коњакот. Од горе ставете изматен шлаг и декорирајте со цимет.
.
Немирно тартини
- 60 мл вотка
- 60 мл сируп од мед
- 120 мл минерална вода
Вотката и сирупот мешајте ги во шејкер со неколку коцки мраз. Претурете во чаша. Дополнете ја чашата со минерална вода.
.
Жежок празничен коктел
- 45 мл вотка
- 60 мл сок од брусница
- 60 мл кокосова вода
- неколку замрзнати брусници
- зелени шеќерни кристали
Измешајте ги течните состојки во шејкер со неколку коцки мраз. Врвовите од чаша за мартини обложете ги со зелените шеќерни кристали. Претурете го коктелот во чашата. Ставете неколку замрзнати брусници.
.
Кремасто млеко
- 4 жолчки
- 4 лажици шеќер во прав
- 500 мл млеко
- 250 мл изматен шлаг
- 120 мл текила
- 1 лажичка рендано морско оревче
- 4 белки
Изматете ги жолчките со шеќерот. Откако жолчките ќе станат бледо жолти, ставете ги текилата, млекото, шлагот и морското оревче. На страна, изматете ги белките со една лажица шеќер. Потоа, полека, без многу мешање, додадете ги белките во жолчките. Смесата оставете ја да се олади. Претурете ја во стаклени чаши и декорирајте со цимет.
.
Зимски ароматизиран сок од јаболка
- 200 мл свеж сок од јаболка
- 200 мл црвено вино
- 2 стапчиња цимет
- 3 каранфилчиња
- сок од еден портокал
- 100 мл бренди
Во голем сад измешајте ги сите состојки. Оставете еден час да впијаат зачините. Извадете ги циметот и каранфилчето и претурете во чаши.
.
Франција во чаша
- 60 мл џин
- 60 мл сок од лимон
- 120 мл ладен шампањ
- 2 лажички шеќер во прав
Во шејкер измешајте ги џинот, лимоновиот сок и шеќерот со коцки мраз. Течноста претурете ја во долга чаша за шампањ. Дотурете шампањ и декорирајте со замрзната малина.
.
Јаболкова снегулка
- 90 мл вотка
- 90 мл сок од јаболко
- 90 мл ликер од јаболко
Состојките измешајте ги во шејкер со коцки мраз. Сервирајте со парчиња зелено јаболко.