Поучна приказна: Живот и работа

Поучна приказна: Живот и работа

Еден татко бил вреден човек кој секогаш успевал да донесе леб на масата за својата сопруга и 3 деца кои неизмерно го поддржувале. Тој го поминувал денот во работа, додека пак за време на ноќите посетувал часови со надеж дека ќе го подобри своето знаење за еден ден да најде поплатена работа. Сите денови, освен неделата, таткото едвај го гледал своето семејство. Тој многу работел и учел бидејќи сакал да му го овозможи на своето семејство најдоброто што може со пари да се купи. Токму затоа и секогаш кога неговото семејство се жалело дека тој не поминува доволно време со нив, тој им велел дека тоа го прави за нив. Но, сепак често копнеел да поминува повеќе време со своите најмили.

Почна приказна: Живот и работа

Дошол денот кога резултатите од испитувањето биле објавени. Таткото пресреќен положил сè со високи оценки. Токму затоа и многу набрзо добил подобра работа со солидна платна. На таткото соништата му се оствариле, тој сега можел да му овозможи на своето семејство мали луксузи како добра облека, здрава храна и одмор надвор од државата. Но, неговото семејство повторно не го гледало. Тој продолжил да работи многу со цел дека ќе биде унапреден. Всушност за да си ги подобри шансите, тој почнал да посетува курсеви по работното време. Повторно неговото семејство се жалело дека тој не поминува доволно време дома и тој им велел дека тоа го прави за нив. Но, сепак често копнеел да поминува повеќе време со своите најмили.

Трудот на таткото се исплател и тој го добил унапредувањето кое го посакувал. Сега можел да си дозволи и слугинка која ќе ја ослободи неговата сопруга од секојдневните обврски. Тој исто така сметал и дека нивниот дом е веќе премал за нив, па посакал да заработи повеќе за да се преселат во поголема куќа. Бидејќи знаел дека неговиот труд се исплател во минатото, тој решил да продолжи со учењето со цел да биде повторно унапреден. Неговите најблиски сè уште не го гледале многу. Всушност, тој дури и помалку време поминувал со нив бидејќи понекогаш работел и за време на викендот. Повторно неговото семејство се жалело дека тој не поминува доволно време дома и тој им велел дека тоа го прави за нив. Но, сепак често копнеел да поминува повеќе време со своите најмили.

Како што се очекувало, трудот на таткото се исплател и тој добил унапредување кое му овозможило да купи прекрасен и голем дом за своето семејство. Првата неделна вечер во нивната нова куќа таткото им кажал дека веќе нема да учи и да бара унапредувања. Отсега па натаму тој ќе посвети повеќе време на своето семејство.

Наредното утро таткото не се разбудил.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар