Побушави зајаци од овие немате видено
И покрај тоа што обичните зајаци може да имаат доста бујни влакна, сепак крзното на овие ангорски зајаци ја менуваат сликата за терминот „бушаво“. Ангората е една од најстарите раси на домашни зајаци и тие биле популарни како миленичиња на европските кралски семејства.
Нивното екстремно волуминозно и дебело влакно, може да порасне толку многу, што го обвива и засенува самото животно. Им се гледа само малечкото, речиси сокриено лице, поради што изгледаат како огромни памучни топки. Волуменот на крзното може да се намали со поткастрување, а бидејќи влакната им се плеткаат во јазли, потребно е редовно чешлање.
Инаку, нивното крзно е помеко и помазно од кашмир. Овие зајаци се мирни и питоми, но бараат нега. Нивниот просечен животен век е 7-12 години, доколку се чуваат убаво, во домашни услови. Има повеќе видови ангорски зајаци: англиски, француски, џиновски и сатенски.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.