Победете ја летната жештина во вашиот дом со помош на овие трикови

Победете ја летната жештина во вашиот дом со помош на овие трикови

Дали и вие сте од оние луѓе чијшто дом во текот на летото станува премногу топол, па барате каков било начин да ја намалите жештината? Постојат неколку начини коишто ќе ви помогнат барем малку да го разладите вашиот дом, а кои не се многу скапи. Всушност, многу работи и не чинат воопшто. Еве неколку предлози преку коишто можете да се изборите со жештината ова лето.

1. Спречете го влегувањето на сончевата светлина

Кога сончевата светлина влегува во вашата куќа, таа може да стане навистина топла. Додека вашите миленици можеби ќе уживаат во сончевите зраци, сигурно вам ова не ви одговара кога е лето. Затоа, затворете ги ролетните или завесите во часовите кога сонцето е појако. Сепак, чувајте ги прозорците отворени за да овозможите циркулација на воздухот.

2. Направете сами свој клима уред

Вие самите во домашни услови лесно можете да направите свој клима уред, без да потрошите ниту еден денар. Сѐ што треба е да наполните еден сад со мраз и да го ставите пред електричен вентилатор. Како што ќе дува вентилаторот во садот, низ собата ќе се шири ладен воздух од мразот.

3. Употребете влажни чаршафи

Еден стар трик вели дека би можеле да ја разладите вашата соба на тој начин што ќе закачите влажни чаршафи на отворените прозорци. Воздухот што ќе влегува внатре ќе ја намали температурата во домот за неколку степени. Притоа, овој трик ќе ви помогне и да ги исушите чаршафите.

4. Одржувајте го клима уредот

Многу е важно да го проверувате вашиот клима уред и да се погрижите дека работи ефикасно. За оваа намена треба да најдете соодветен мајстор, а исто така не заборавајте да го променувате и филтерот за воздух, при што воздухот ќе има полесен проток.

5. Избегнувајте вклучување на електрични апарати кога е жешко

Кога температурите се пониски (рано наутро и навечер), тогаш е најдоброто време за вклучување на електричните апарати за домаќинство. Тие испуштаат топлина, па затоа не е препорачливо нивно користење во периодот кога надвор е жешко. Друга опција е да инвестирате во помали апарати коишто ќе испуштаат помалку топлина.

6. Правете активности во внатрешноста на домот

Кога надвор е жешко, посветете се на активности коишто се извршуваат во внатрешноста на вашиот дом. Закачете ги сликите коишто одамна ве чекаат или пак почнете со чистење на подрумот. Имајте предвид дека подрумот е постудена просторија во однос на другите, па претставува одлична опција кон којашто можете да посегнете во летните, топли денови. Наспроти ова, избегнувајте ја работата на таванот.

7. Користете ги клима уредот и вентилаторот истовремено

Кога ќе ги користите клима уредот и вентилаторот истовремено, вашиот дом ќе биде многу поладен. Не грижете се за електричната енергија. Додека вентилаторот помага за циркулација на воздухот, клима уредот не мора да работи посилно, така што ќе немате многу разлика во потрошената електрична енергија.

8. Одржувајте ја областа околу климатизерот поладна

Препорачливо е надворешниот дел од клима уредот да биде на што повеќе засенета област. Многу подобро е кога околу него има дрвја или пак нешто друго што ќе создава сенка, при што вашиот дом побргу ќе ја постигне посакуваната температура.

9. Користете го правилно вашиот тавански вентилатор

Во овие жешки летни месеци погрижете се дека правилно го користите вашиот тавански вентилатор, така што кога ќе го вклучите тој треба да се движи спротивно од стрелките на часовникот. Ова ќе го пренесе нагоре топлиот воздух, оставајќи го долу попријатниот, ладен воздух.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар