По што се разликува паметната жена од мудрата?

По што се разликува паметната жена од мудрата?

Во минатото, на секоја жена ѝ било тешко да ја покаже својата независност, креативност и интелигенција од страв да не биде посрамотена и сметана за лоша домаќинка, сопруга или мајка. За среќа, времињата се променија и денес успешните и паметни жени се симбол за моќта и истрајноста насекаде во светот. Но, што е тоа што ги разликува паметните и силните жени од мудрите? Велат дека мудроста доаѓа со староста и искуството, но понекогаш таа е вроден дар кај жените кои ги знаат заборавените вредности на животот.

По што се разликува паметната жена од мудрата?

1. Паметната жена кога ќе пронајде грешка кај својот партнер, ќе го забележи тоа и ќе му укаже каде погрешил; мудрата жена ќе го поддржи и расположи – таа знае кога да се преправа како ништо да не забележала.

2. Паметната жена во кризни ситуации ќе ја преземе власта во свои раце и ќе ги научи блиските околу себе како да пронајдат решение и правилно да живеат; мудрата жена полека ќе им го покаже правецот, за тие да помислат дека тоа било нивна идеја и ќе ги поддржи во намерата да стигнат до целта.

3. Паметната жена ќе се обиде да ги учи децата на математика, бидејќи знае колку се важни денес бројките; мудрата жена во сите од нив пред сѐ ќе гледа една посебна личност која има различни афинитети.

4. Паметната жена на работа ќе се труди да биде најдобра и да не прави грешки, затоа што знае колку значи и вреди успехот; мудрата жена ќе направи атмосфера на љубов и топлина на нејзиното работно место и ќе го сведе натпреварувачкиот дух на минимум.

5. Паметната жена ќе биде присутна во животот на своите деца дури и кога ќе станат возрасни, ќе им дава добри совети и препораки, ќе разговара со нив и ќе им помага во воспитувањето на нивните деца; мудрата жена ќе дозволи нејзините деца да го проживеат истото животно искуство што и таа го поживеала со нив и ќе им даде поддршка во секоја ситуација.

6. Паметната жена ја брани својата независност, отворено го кажува своето мислење и се расправа со другите за да го одбрани својот став; мудрата жена ќе научи да се насмее, да ги слуша другите, да се сложи со нив и полека да ги прави работите на свој начин, со љубов.

7. Паметната жена сака да го промени светот, бидејќи знае дека промената е најважна; мудрата жена почнува да се менува прво себеси и ги прифаќа другите онакви какви што се.

8. Паметната жена смета дека е среќен оној кој е во право; мудрата жена знае дека е во право оној кој е среќен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

  1. Renata Reply

    Zivi gluposti

Остави коментар