Плоска скриена во вратоврска – зашто пиењето на работа не е баш лесно изводливо ;)
Вратоврска со која стресот на работа веднаш го потопувате во голтка од вашиот омилен жесток пијалак. Не морате повеќе да имате скришно место во вашето биро, резервирано за вакви моменти. Решението е во оваа стилска микрофибер вратоврска со дискретно вметната плоска…
Оваа кул вратоврска е долга 43 сантиметри. Стилот и суптилното уживање во неа, ќе ве чинат 24 американски долари. Секако, плоската слободно може да ја користите и за екстра доза кафенце во текот на работниот ден, но само ако го пиете ладно…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.