Плетенка, пунџа или коњско опавче: Што зборува за вас вашата секојдневна фризура?

Плетенка, пунџа или коњско опавче: Што зборува за вас вашата секојдневна фризура?

Како што веќе знаете, нашите навики многу говорат за нас. Па тогаш, зошто вообичаената секојдневна фризура би требало да ги сокрива добрите, но и лошите страни на нашиот карактер? Всушност, косата може многу да открие за своите сопственици. Плетенка, коњско опавче, пунџа, пуштена коса – како сите овие фризури и личните особини на жените се меѓусебно поврзани? Денес ќе ја дознаете суштинската врска помеѓу косата и карактерот.

Изберете го вашиот тип фризура и погледнете што таа открива за вашиот карактер:

(1) Плетенка, пунџа или коњско опавче: Што зборува за вас вашата секојдневна фризура?

1. Вие сте романтична личност, многу отворена кон нови знаења и искуства. Кај луѓето ги барате само позитивните страни, па затоа, за жал, честопати се разочарувате од другите. Оптимист во срцето и чист позитивист – тоа е, со сигурност, вистината за вас!

2. Вие сте жена која е сигурна во себе и која ни малку не се занимава и не ја повредува некомпетентната критика од другите. Немате потреба за голем број пријатели, но затоа пак, оние кои ги имате, ве сметаат за најверен пријател. Не престанувајте да ги исполнувате останатите со вашата енергија!

3. На прв поглед изгледа дека сте премногу горди. Па, како може да се однесува личноста која брза да ги оствари сите поставени цели, игнорирајќи ги досадните приказни кои за ништо не служат? Навикнати сте сè да постигнувате сами, и помошта од другите воопшто не ви е потребна.

4. За оние кои не ве познаваат – вие сте жена воин, а за вашите најблиски – мека и нежна личност. Секогаш сте на страната на искреноста и почитта. Вас не може никој да ве излаже.

5. Вие сте креативна личност со богат внатрешен свет. Досадната работа не е за вас. Вие живеете со уметноста и креативноста.

6. Понекогаш ви пречи сопствената отвореност. Но, вие сте една од оние личности кои секогаш се спремни да пружат помош, дури и на непознатите.

7. Вие сте добар слушател и набљудувач. Внимателни сте за секоја ситница, а тоа е она што ви помага да бидете лидери.

8. Многумина мислат дека помирна личност од вас не може да се пронајде. Но, тие никако не треба да се обидат да ве разлутат. Нема да биде добро! Едноставно, таков притисок на остроумност не може секој да издржи.

(2) Плетенка, пунџа или коњско опавче: Што зборува за вас вашата секојдневна фризура?

9. Добро развиената самодисциплина и самодоверба се вашите адути. Не сте од оние кои прво мислат, а потоа работат. Кај вас е обратно. Сигурни сте во сè што ќе започнете.

10. Вие сте креативна личност, интелектуалец и естетичар. Не поднесувате лош вкус и се обидувате во своето опкружување да избирате луѓе кои се слични на вас.

11. Дали забележувате дека останатите честопати плачат на вашето рамо? Смирена, воспитана, свесна – па како да немаат доверба во вас?

12. Вие сте организирани и независни. Сакате сè да биде јасно и на своето место. Сакате едноставност во сè.

13. Вие сте вистински природен оптимист! Го цените секој момент и не сте подготвени да го потрошите вашиот живот „во празно“. Не е лесно да ве налутат, како што им изгледа на другите. Всушност, толку силна личност како вас не се наоѓа често.

14. Вашата главна особина е практичноста. Вас не ве интересираат туѓите животи и озборувања… Што ќе му е сето тоа на личност како вас која сигурно чекори низ животот?

15. Можеби вие и сакате да сонувате, и да се задлабочите во креативноста и фантазијата, но тоа не ве спречува да го постигнете сето она што ви е забележано во листата на нешта кои мора да ги направите.

16. Вие сте мирна, а понекогаш, дури и ладнокрвна личност. На таквиот отпорен карактер може само да се позавиди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар