Планина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часа

Планина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часа

Во денешно време, доколку сакате да бидете бомбардирани со фотографии во кои се доловени личните моменти на луѓето, сè што треба да направите е да ги посетите сајтовите за споделување слики и социјални мрежи како Фликр и Фејсбук. Преку ваквите сајтови, веб-порталите за вести и пребарувачите на слики, секојдневно гледаме илјадници фотографии со секаква содржина.Планина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часаВаквиот релативно нов културолошки феномен го инспирирал холандскиот визуелен артист Ерик Кеселс да создаде една интересна инсталација. Тој решил да ги преземе сите фотографии кои биле прикачени на Фликр во период од 24 часа, а потоа ги испечатил и ги расфрлал низ соба во уметничката галерија „Foam“ лоцирана во Амстердам, за да ја прикаже масовната количина во еден поинаков, материјален облик. Проектот го нарекол „Photography In Abundance“ (Фотографии во изобилие), а неговата цел била да ја прикаже неизмерната количина фотографии кои се споделуваат на еден сајт, на дневна база.Планина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часаПланина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часа.

„Во денешно време, секојдневно сме изложени на еден куп фотографии. Изобилството во најголем дел е резултат на сајтовите за споделување фотографии како Фликр, социјалните мрежи како Фејсбук и пребарувачите на слики.

Содржината на фотографиите е мешавина од она што е во ред јавно да се прикаже и она што треба да остане приватно, што доведува и најличните работи отворено и несвесно да ги приложуваме во јавност. Преку печатењето на сите овие фотографии кои се качени во период од 24 часа, го визуелизирам чувството на давење во приказот на туѓите искуства.“

Планина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часаПланина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часаИнаку, досега на Фликр се качени повеќе од 6 милијарди фотографии, а исто толкав број слики се качуваат на Фејсбук на секои два месеци.Планина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часаПо повод 10 години постоење на галеријата „Foam“, организирана е едномесечна прослава, во чиј состав влегуваат артистичките инсталации на разни уметници, меѓу кои и оваа на Кеселс, кои ќе бидат изложени до 7 декември, 2011. Изложбата е насловена „Whats’ next?“ (Што е следно?)

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар