Писмото од Фред за слатката Лорејн
За оваа приказна може да ви треба марамче. Музичкото студио „Green Shoe Studio“ објавило онлајн-натпревар за музичари кои требало да ги поставуваат своите песни на Јутјуб. Еден ден тие добиле писмо со песна, но не отпеана, туку напишана во стихови. Она што особено ги изненадило е тоа што песната била напишана од 96-годишен човек по име Фред, кој неодамна ја загубил љубовта на неговиот живот, Лорејн, со која поминале заедно 75 години.Од студиото решиле да го контактираат Фред и да ја чујат детално неговата приказна. Но, Фред не е музичар. Тој на ковертот дури напишал: „П.С. Јас не пеам. Би ги исплашил луѓето. Ха-ха“.
Стиховите одат вака…
О, моја слатка Лорејн,
Би сакал да можеме да минеме
Низ сите убави времиња одново пак.
О, моја слатка Лорејн,
Животот се случува само еднаш,
И никогаш повеќе.
Така, тие решиле да направат песна која ќе биде отпеана и отсвирена од професионални музичари. Но, кога му се јавиле да му ја кажат идејата, тој се загрижил дека нема да може да го плати снимањето на песната. Откако му објасниле дека не треба да плаќа ништо и дека тоа го прават заедно, тој секако се сложил неговите искрени стихови да бидат оживеани во музичко дело. Песната е снимена во соработка со Џејкоб Колган, а може да се купи на iTunes за 0,99 долари.
Погледнете го видеото за љубовната приказна на Фред, а доколку сакате да ја чуете песната, одете на 05:56.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Thank you so much for sharing this! It means so much to Fred & Green Shoe Studio! Love like Fred and Lorraine is what it’s all about!