Писмото на оваа ќерка до нејзината самохрана мајка ќе ве трогне и ќе ви го стопи срцето

Писмото на оваа ќерка до нејзината самохрана мајка ќе ве трогне и ќе ви го стопи срцето

Родителството е честопати неблагодарна работа, особено ако се работи за самохран родител кој мора да го воспита и израсне детето без поддршка од партнер. Токму затоа следново писмо е толку трогателно и емотивно.

Писмото на оваа ќерка до нејзината самохрана мајка ќе ве трогне и ќе ви го стопи срцето

Родителите на Џина се развеле кога таа имала 8 години. Татко ѝ набрзо потоа починал и нејзината мајка, Џоан, морала сама да се грижи за неа и брат ѝ кој страдал од Аспергеров синдром. Џина решила да ѝ напише писмо на нејзината самохрана мајка со цел да ѝ искаже благодарност. Еве како гласи писмото:

Мамо, те донесов тука за да ти се заблагодарам како што треба за сѐ што имаш направено за мене. Знам дека не ти беше лесно сама да се грижиш за мене и Мајкл, но успеа во тоа, затоа што сакаше да ни овозможиш храна, облека и дом. Работеше прекувремено иако не можевме да те видиме сѐ до доцна навечер. Направи толку многу жртви низ годините за да ни биде удобно и ниту еднаш не се пожали за недостатокот на сон, потрошеното време што би можела да го поминеш со нас, па дури ни за тоа што не можеше да си купиш нешто за себе.

Твојата љубов ме направи посочувствителна личност. Секогаш ги ставам другите пред себе, затоа што ти така ме научи дека треба. Засекогаш ќе ти бидам благодарна. Ти благодарам што го носеше не само сопствениот товар, туку и нашиот. Дефинитивно не ти беше лесно, особено поради тоа што јас и Мајкл бевме проблематични додека растевме. Секогаш се карав со тебе за секоја ситница, а Мајкл имаше проблем со развојот. Не знам како издржа. Но, секогаш знаеше точно што да направиш и кажеш за да ја олесниш ситуацијата и цело време беше толку смирена.

Знам дека заминувањето на Доти влијаеше на сите нас. Се случи толку ненадејно што не знаевме како да реагираме. Една вечер тој само си дојде од работа, си зема торба и замина. Одеднаш целиот наш свет се сруши. Мајкл стана многу лут и покажуваше знаци на физичка агресија кон секого затоа што не знаеше како да го прифати тоа на друг начин. Јас станав многу повлечена, не излегував, останував во мојата соба и не зборував со тебе за моите чувства.

Ти мораше да се справиш со сето тоа и кога тој почина две години подоцна, не само што мораше да се справуваш со сопствената тага, туку и со мојата и на Мајкл. Се сеќавам колку се каравме и колку бев неблагодарна. Мајкл не покажуваше многу емоции за тато по првичниот шок дека е мртов. Се сеќавам како велеше и уште вели дека нема татко. Ти одеднаш стана самохран родител кој очајно се обидува да нѐ направи среќни и покрај тоа што веќе имаше многу други проблеми. Беше многу тешко, но никогаш не се пожали. Ја држеше главата крената високо и ја презема одговорноста без никаков проблем.

Гледајќи те како се носиш со сето тоа додека растев ми помогна да го ценам сиот твој труд и напорна работа. Би била многу среќна кога би можела да бидам барем половина од тоа што си ти како мајка.

Ти благодарам мамо за тоа што никогаш не се откажа од нас и од себе. Ти благодарам што ми ги пружи најсреќните сеќавања. Ти благодарам што нѐ научи да ги разликуваме доброто и злото и да го браниме нашиот став, но и луѓето кои ни се блиски. Те сакам повеќе од сите ѕвезди во универзумот.

Подгответе си марамчиња и погледнете го ова трогателно видео…

Во продолжение прочитајте зошто мајките и ќерките се најдобри пријателки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар