Писмото на малиот Лука до претставниците од „ЛЕГО“

Писмото на малиот Лука до претставниците од „ЛЕГО“

Седумгодишниот Лука Апс парите кои ги собрал за Божиќ минатата година ги потрошил на еден сет играчки од „ЛЕГО“. Најголемиот проблем со играчките од компанијата „ЛЕГО“ е тоа што се многу ситни и лесно можеш да ги загубиш.Писмото на малиот Лука до претставниците од „ЛЕГО“Па така, еден ден, Лука без одобрение од својот татко понел една од играчките додека биле на пазарење и ја загубил. Откако се вратил дома, решил да им пише писмо на вработените во компанијата, замолувајќи ги да му пратат нова, бидејќи без неа сетот нема да му биде комплетен.

Во писмото Лука напишал:

Здраво.

Моето име е Лука Апс и имам седум години.

Со сите пари што ги собрав за Божиќ го купив сетот „Ninjago“ од „Ultrasonic Raider“. Серискиот број е 9449. Навистина е добар.

Татко ми ме однесе во „Sainsburys“ и ми рече да ги оставам играчките дома, но јас ги земав и го изгубив Jay ZX некаде во продавницата, бидејќи ми паднал од моето палто.

Навистина сум вознемирен што го изгубив. Татко ми ми рече да ви пратам имејл, за да ве прашам дали би ми пратиле нова играчка.

Ветувам дека нема да го носам веќе по продавници.

– Лука

После кусо време, Лука добил повратен мејл од страна на Ричард, претставник од корисничката поддршка на „ЛЕГО“. Во писмото тој му напишал дека „разговарал“ со Сенсеи Ву, главната играчка во сетот.

Лука,

му пренесов на Сенсеи Ву дека губењето на играчката од твоја страна била несреќна околност и дека никогаш повеќе нема да допуштиш истото да се случи.

Тој ми рече да ти пренесам: „Лука твојот татко делува како мудар човек. Секогаш мораш да ги заштитуваш играчките ‘Ninjago’ како што змејовите ги заштитуваат оружјата од ‘Spinjitzu’!“

Сенси исто така ми кажа дека е во ред да ти испратиме нова играчка и ми дозволи да ти испратам неколку дополнителни играчки, бидејќи секој што ги потрошил своите заштедени пари од Божиќ за да ги купи играчките од „Ultrasonic Raider“ мора да е навистина голем обожавател на „Ninjago“.

Па, се надевам дека сега ќе уживаш во твојата нова играчка придружена со сите оружја. Всушност, ти ќе бидеш единствениот што ќе ја има играчката која ги комбинира сите три во една. Исто така ќе ти испратам и еден негативец, за да има со кого да војува.

Само запомни што рече Сенси Ву: заштитувај ги своите играчки… и се разбира, секогаш слушај го твојот татко.

Ова е типичен пример како големите компании си обезбедуваат целоживотен и задоволен купувач.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар