Пинеална жлезда: Органот во кој се наоѓа вашата душа

Пинеална жлезда: Органот во кој се наоѓа вашата душа

Во анатомскиот центар на нашиот мозок се наоѓа мистериозна жлезда која може да биде мостот кој ги поврзува нашите физички и духовни искуства на Земјата. Францускиот филозоф Рене Декарт ја нарекол оваа жлезда „седиште на душата“ бидејќи таа била медиум преку кој нашата душа се изразувала физички. Пинеалната жлезда е тема на разговор веќе неколку децении, а научниците сè уште се обидуваат да ја откријат нејзината биолошка функција.

(1)pinealna-zhlezda-organ-vo-koj-se-naogha-vashata-dusha-kafepauza.mk

Доктор Рик Страсман, авторот на „ДМТ: Молекул на душата“ (DMT: The Spirit Molecule), со години ја проучувал оваа жлезда и тој смета дека во неа се произведува моќната мозочна хемикалија наречена ДМТ (ди-метил триптамин). Кога се произведува оваа хемикалија, личноста доживува психоделично и мистични искуство. Многу култури го спомнуваат „третото око“, а модерните теории сметаат дека тоа се однесува на пинеалната жлезда. Уште поинтересен е фактот што можат да се најдат симболи за оваа жлезда во многу цивилизации како кај Римјаните, Мексиканците, Египќаните, Вавилонците и Грците. Дури и католичката црква ја претставува оваа жлезда, а на плоштадот во Ватикан се наоѓа најголемата статуа која наликува на неа. Па што значи сето ова? Дали постои некое древно знаење за оваа жлезда кое го поседувале старите култури? Која е улогата на пинеалната жлезда во нашите духовни искуства и како можеме да го објасниме ова?

(2)pinealna-zhlezda-organ-vo-koj-se-naogha-vashata-dusha-kafepauza.mk

Едно од најстарите спомнувања на пинеалната жлезда е запис од третиот век пред нашата ера. Еден грчки физичар, Херофил, спомнал за орган со големина на нокот и со форма на шишарка. Името на жлездата потекнува од латинскиот збор „pinea“ кој значи шишарка. Како што спомнавме, жлездата се наоѓа во геометрискиот центар на мозокот. Она што е интересно е што таа не е дел од мозокот бидејќи не е заштитена.

Во неговата книга, „ДМТ: Молекул на душата“, доктор Рик запишал:

„Сите делови на мозокот се во пар, односно имаат лев и десен дел. На пример има лев и десен преден лобус, и лев и десен темпорален лобус. Единствениот дел кој нема пар е пинеалната жлезда која ги восхитува луѓето веќе 2.000 години. Никој на западот не знае која е нејзината функција.“

Покрај тоа, жлездата се наоѓа блиску до центрите за емоции и сетила во мозокот. Ова може да го објасни фактот дека духовното искуство може да предизвика силни емоции. Во 17-тиот век, Рене Декарт го барал изворот на нашите мисли и претпоставил дека можеби осамената пинеална жлезда е нивниот генератор. Декарт бил заинтересиран за локацијата на жлездата и сметал дека кога таа ги „произведувала“ нашите мисли, тие се движеле преку цереброспиналата течност и стигнувале до разни делови од мозокот.

(3)pinealna-zhlezda-organ-vo-koj-se-naogha-vashata-dusha-kafepauza.mk

Во неговата книга „Истражување на изворот“ (Source Field Investigations), Дејвид Вилкок дискутира за идејата дека пинеалната жлезда е всушност нашето трето око кое ни „покажува“ слики за време на психоделичните искуства и искуствата близу до смртта. Исто така, тој смета дека оваа жлезда е одговорна за нашите соништа, а притоа нашол и биолошки доказ кој го потврдува ова.

„Јасно е дека постојат неколку врски помеѓу пинеалната жлезда и ретината. Сличностите во развојот и морфологијата се очигледни со години. Иако пинеалната жлезда на цицачите се смета за индиректно фотосензитивна, присуството на протеини во неа, кои обично се вклучени во забележување на светлината во ретината, само ја потврдува можноста дека и во пинеалната жлезда на цицачите има светлинска активност.“

Оваа идеја станала многу позната во истражувањата за пинеалната жлезда. Изгледа дека нејзината цел сепак е примање сигнали, исто како и ретината на окото која прима визуелни слики и ги праќа во мозокот. Научниците сметаат дека нејзината внатрешност е целосно црна, но овде се поставува и прашањето: Зошто нашето тело го создало ова трето око со клетки за забележување светлина кога таму нема никаква светлина? Дали можеби сликите кои ги гледаме додека сонуваме или кога патуваме надвор од телото се произведени од фотосензитивните клетки во оваа жлезда?

Страсман смета дека психоделичниот молекул ДМТ се произведува во пинеалната жлезда. Овој молекул се наоѓа и во природата во некои тревки и корењата на дрвјата. Луѓето кои консумирале изолиран ДМТ изјавиле дека тоа искуство е навистина сликовито, духовно и им го променило животот. Фактот дека пинеалната жлезда произведува ДМТ изгледа веродостоен бидејќи оваа жлезда произведува мелатонин и серотонин. Тие имаат слична структура со ДМТ и имаат улога во нашето расположение и во циклусот на спиење.

Како ова да не е малку, пинеалната жлезда е претставена во многу свети уметнички дела и архитектури од целиот свет. Како што спомнавме, името на жлездата потекнува од латинскиот збор за шишарка, па таа е претставена токму на овој начин. Во книгата на Вилкок се спомнати многу примери за ова.

  • Бронзена скулптура од дланка од култот на Дионис во доцната Римска империја има шишарка на палецот, покрај другите чудни симболи.
  • Скулптура од Мексикански бог држи ела и шишарки во рацете.
  • Жезолот на египетскиот бог Озирис од музеј во Италија има две „кундалини змии“ кои се испреплетени и гледаат кон шишарка.
  • Крилестиот бог на Вавилонците, Тамуз е претставен со шишарка.
  • Грчкиот бог Дионис држи жезол со шишарка на врвот.
  • Католичкиот папа има жезол со шишарка.
  • Најголемата скулптура од шишарка се наоѓа на плоштадот во Ватикан.
  • Златната погребна маска на Тутанкамон има „кундалина змија“ која излегува од пинеалната жлезда од неговото чело.
  • Речиси сите Хинду богови се претставени со трето око помеѓу веѓите.

Можеби најчудниот факт е тоа што католичката црква ја промовира оваа слика. Јасно е дека шишарката била важен симбол во раното христијанство. Дали Ватикан го крие светото знаење кое можеби е клучно за човековата физичка и духовна еволуција? Вилкок спомнува и дел од пишаната историја на пинеалната жлезда во неговата книга:

„Платон, во неговата книга „Република“, рекол дека душата преку овие дисциплини има орган кој е исчистен и просветлен. Орган кој вреди повеќе од илјада очи бидејќи вистината се гледа само преку него.“

Очигледно е дека многумина се фокусирале на пинеалната жлезда низ историјата. Можно е таа да е нашата поврзаност со божественото и да ни прикажува визии за време на метафизичките искуства. Од овде потекнува прашањето: Зошто сето ова е тајна? Модерните теории предлагаат дека „мистериозните учења“ кои се криени со милениуми го држат знаењето за пинеалната жлезда кое го имале многу древни цивилизации. Можеби целта на оваа таинственост е поголема контрола и моќ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. 1 Reply

    Ве молам обрнете внимание на преводот. ПлатоН е на македонски. И не постои збор како хемикал, туку хемикалии.

Остави коментар