Петминутни навики за посреќен ден
Секој има различна дефиниција за тоа што значи да се живее среќен живот, но постојат кратки навики што може да ви помогнат да се чувствувате подобро во текот на денот.
Средување на креветот
Иако многумина мислат дека е преценето, средувањето на креветот наутро ви дава чувство на некакво постигнување уште на почетокот на денот.
Кратка комуникација со саканите
Не мора да е долг разговор, можете само да им испратите смешно видео или порака дека треба да се видите наскоро. Не треба многу за да им покажете дека мислите на нив. Покрај тоа што ќе бидете во тек со случувањата во животите на најблиските луѓе, ќе го почувствувате и нивното присуство во текот на денот.
Есенцијални масла
Иако постојат многу контрадикторни истражувања околу ефикасноста на есенцијалните масла кога станува збор за лекувањето болести, факт е дека мирисот на лаванда опушта, а рузмаринот ќе ве расони. Изберете го она што најмногу ви одговара.
Движете се пет минути
Многу е важно да одвоите пет минути дневно само за себе, без разлика дали станува збор за кратка медитација, танцување на вашата омилена песна или истегнување – изберете сами. Важно е да почнете да се чувствувате самоуверени и силни и не заборавајте да му се заблагодарите на вашето тело за сè што прави за вас.
Јадете го вашето омилено овошје
Кога последен пат јадевте ананас? Купете го вашето омилено овошје и уживајте.
Прочитајте ги овие 13 причини зошто некои луѓе се толку среќни во животот.