Песимист е човек кој се жали на бука кога среќата му тропа на врата: Одлични цитати од Оскар Вајлд
Мајсторот на феноменални афоризми и генијални парадокси, Оскар Вајлд, е еден од најцитираните светски класици. Неговата способност да сокрие неверојатно длабока мисла во доза хумор ги воодушевува сите што некогаш го читале. Токму затоа и решивме да собереме феноменални, забавни и длабокоумни афоризми од Оскар Вајлд за и вие да ја почувствувате неговата моќ.
„Ќе останете несреќни сѐ додека верувате во тоа дека вашата среќа ја носат другите луѓе.“
„Човекот е најмалку свој кога зборува за себе. Дајте му маска и ќе ви ја каже вистината.“
„Знаењето е смрт. Нас нè воодушевуваат само сомнежите. Маглата ги прави работите почудесни.“
„Старците веруваат во сѐ, возрасните се сомневаат во сѐ, младите знаат сѐ.“
„Не поднесуваме луѓе кои имаат исти недостатоци како и ние.“
„Неугледните жени се секогаш љубоморни на своите мажи, а на убавите не им е до тоа, тие се љубоморни на туѓите.“
„Никогаш не треба да ѝ верувате на жената која отворено зборува за своите години. Жената која ќе го каже тоа, подготвена е да каже сѐ.“
„Мажот може да биде среќен со која било жена, под услов да ја сака.“
„Кога бев млад мислев дека парите се сѐ. Сега сум стар и сигурен сум дека е така.“
„Бидете она што сте. Останатите улоги се зафатени.“
„Да живеете онака како што сакате не е егоизам. Егоизам е кога другите се принудени да размислуваат и да живеат како што вие сакате.“
„Јавното мислење триумфира таму каде што мислата спие.“
„Сите сме во кал, но некои од нас гледаат кон ѕвездите.“
„Мажите секогаш сакаат да бидат прва љубов на жената, а жените фантазираат да бидат последна љубов на мажот.“
„Песимист е човек кој се жали на бука кога среќата му тропа на врата.“
„Луѓето повеќе се занимаваат за сѐ во светот, освен за она што навистина треба да го знаат.“
„Луѓето не веруваат во религиозни догми, не затоа што се разумни, туку затоа што често ги повторуваат.“
„Исус не умрел за да ги спаси луѓето, туку за да ги научи да се спасуваат еден со друг.“
„Сите учествуваат во несреќата на своите пријатели, само ретките се радуваат на нивните успеси.“
„Кога боговите сакаат да нè казнат – ги сослушуваат нашите молитви.“
„Она што навистина би требало да го знаеме, никој нема да нè научи.“
„Душата се раѓа стара и станува сѐ помлада. Тоа е комедијата на животот. Телото се раѓа младо и старее. И во тоа е целата трагедија.“
„Поетот може да поднесе сѐ, освен печатни грешки.“
„Секој светец има минато, а секој грешник иднина.“
„Главна штета на бракот е тоа што го извлекува егоизмот од човекот. А, луѓето кои не се егоисти се безбојни, ја губат својата индивидуалност.“
„Единствен начин да се ослободите од искушението е да му се предадете.“
„Единствената разлика помеѓу желбата и љубовта е тоа што желбата трае малку подолго.“
„Јас сум единствениот човек на светот кој би сакал подобро да го запознам.“
„Најлошите работи, човекот ги прави со најдобри намери.“
„Ништо не ја попречува љубовта толку како хуморот кај една жена и недостатокот на истиот кај мажот.“
„Жените имаат неверојатна особина да откријат баш сѐ, освен очигледното.“
„Би требало да ја знаете таа голема животна тајна – лечете ја душата со чувства и чувствата со душа.“
Прочитајте ги и најкратките брутално вистинити цитати од Оскар Вајлд кои ќе ве остават без зборови!