Пештерско село во Иран
Скриено во далечниот северозапад на Иран, се наоѓа селото Кандован, кое не е познато само поради својата убавина, туку и поради специфичниот стил на градбата на домовите. Многу од куќите во ова село се направени во пештери сместени во конусни карпи направени од наталожен вулкански пепел.
Жителите на ова село тврдат дека тоа постои повеќе од 700 години. Луѓето кои се плашеле дека ќе бидат повикани за во монголската армија, бегале тука и се криеле во пештерите. Куќите се познати како „каран“, а грубо преведено зборот на турски би значел кошници.Со текот на годините, мештаните ги проширувале своите домови. Сега повеќето од нив имаат од два до четири ката на кои се наоѓаат простории за живеење, подрум и простории за чување добиток. Овие домови се едни од најдобрите енергетско-ефикасни во земјата, бидејќи каменот е одличен изолатор кој обезбедува добра топлина за време на долгата и ладна зима. Исто така, домовите се постојано ладни во летниот период од годината.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.