Пештери Нерја: „Најстарата“ туристичка дестинација во Европа!

Пештери Нерја: „Најстарата“ туристичка дестинација во Европа!

Европскиот туризам, мора да се признае, е прилично стар. Градовите Венеција и Рим ја имале репутацијата на најпосетени туристички дестинации уште во 18 век, а во 19 век, пак, Париз, како центар на модата, бил омилената дестинација за американската елита. Сепак, ниту еден од овие градови не може да се спореди со пештера во јужна Шпанија што, како што пренесува CNN, била посетувана уште пред 40 илјади години.

Пештери Нерја: „Најстарата туристичка дестинација во Европа!

Пештерите Нерја кои се протегаат во должина од околу 5 километри, се наоѓаат во близина на Нерја (веднаш до Малага) во Андалузија. Тие се познати по нивните сталактити и сталагмити, а откриени се во 1959 година за прв пат по илјадници години од страна на пет пријатели кои барале лилјаци.

Денес, посетителите можат да одат на 45-минутна тура и да уживаат во прекрасната глетка од сталактити, сталагмити и други видови на спелеотеми.

Но, пред неколку илјади години, посетите имале повеќе спиритуален карактер за разлика од денес. Досега во пештерите се откриени 589 праисториски слики (посетителите не можат да ги посетат овие области од конзерваторски причини), а просториите се користеле и за погребни обреди. Истражувачите сметаат дека во овие пештери луѓето доаѓале на „аџилак“ пред повеќе од 40 илјади години!

Во текот на истражувањето биле користени најсовремени техники за датирање со јаглерод – нешто што досега не се користело во пештерите. На тој начин, истражувачите можеле да ја одредат староста на јагленот на земјата, кој останал како резултат од пожари како и од факелите со кои посетителите си го осветлувале патот.

Во текот на истражувањето биле пронајдени и докази за праисториски посетители, за кои досега се сметало дека не оставиле поголема трага во Шпанија.

Откако прочитавте за најстарата туристичка дестинација во Европа, можеби ќе сакате да прочитате и за светлечките пештери на Нов Зеланд.

Извор: cnn.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар