Персоналот открива 7 несекојдневни случки во една клиника за гинекологија – нема да ви се верува…
Гинеколошкиот преглед е непријатен, но е и повеќе од потребен за нашето интимно здравје. Но, понекогаш има невообичаени реакции од пациентите. Дознајте некои од нив во продолжение.
1. Во мене расте вонземјанин!
„Девојката дојде во болницата велејќи дека нешто расте во нејзиното тело и се обидува да излезе. Мислев дека се работи за заборавен тампон, тоа често се случува, или парче тоалетна хартија. Но, се покажа дека таа вметнала компир во својата вагина, бидејќи мислела дека тоа ќе ја заштити од бременост. Компирот созреал! Она што таа го чувствувала всушност беше долг микроб. Морав да ѝ одржам предавање за контрацепција, но и за тоа колку е опасно вметнувањето туѓи тела во интимните отвори“.
2. Добар апетит!
„Мислев дека најнеобично беше однесувањето на една пациентка која во текот на целиот преглед пишуваше на својот мобилен телефон, игнорирајќи ме целосно, како да не е на преглед. Но, потоа доживеав истата пациентка да влезе и со сендвич во раце со намера да го јаде на гинеколошкиот кревет. Ја замолив да не јаде за време на прегледот. Таа зачудено ме погледна. Ѝ реков дека постои можност да се задуши доколку јаде додека лежи, затоа што не сакав да ѝ објаснувам колку е непристојна нејзината намера“.
3. (Не)интимна хигиена
„Повеќето жени внимаваат на својата хигиена пред преглед бидејќи стравуваат од мирисот што може да го имаат, но многу малку размислуваат за мирисот на своите стапала. Би било добро доколку не доаѓаат од своите домови каде би можеле да се истушираат пред преглед, да понесат со себе влажни марамчиња и чисти чорапи. Овој мирис е многу тежок, па неколкупати се случува да не можеме да ја проветриме просторијата иако е отворен прозорецот. Најлошо е кога тие носат чевли или патики на голи нозе“.
4. Драга, не сум бремен!
„Млада жена и нејзиниот партнер дојдоа и беа многу вознемирени затоа што мислеа дека таа е бремена и покрај тоа што ги пиела таблетите за заштита кои претходно ѝ ги имав препишано. ‘Дали секој ден, редовно, ги земате таблетите?’- прашав. ‘Ги земаме’ – одговорија. Чуден одговор. По неколку прашања се покажа дека пациентката не можела да ги поднесе таблетите, па партнерот ги земал наместо неа! Тоа е многу добро од негова страна, но таблетите не функционираат така. Не разбирам како помислиле на тоа. Мислам дека навистина ни треба сексуално образование во училиштата“.
5. Рециклиран презерватив
„Жената се вознемири кога ѝ реков дека се сомневам на сексуално пренослива болест и не сакаше да се тестира затоа што смета дека е невозможно таа да е заразена кога имала само еден партнер. Морав да и објаснам дека можеби нејзиниот партнер ѝ го пренел вирусот, кој можеби го има уште од почетокот на нивната врска, или има односи и со некоја друга, па се заразил. Таа ми кажа дека тоа нема никаква поврзаност, па дури и да е вистина, затоа што тој секогаш користи кондом, кој таа по секој интимен однос добро го мие!“
6. Како се прават деца?
„Овој пар ме посети откако повеќе од 2 години неуспешно се обидувале да добијат бебе. Јас им поставив рутински прашања, како што се: колку често водат љубов?; колку години имаат?; дали страдаат од одредени болести?; дали госпоѓата била бремена досега?… Според одговорите, се беше во ред. И тогаш прашав дали секогаш ејакулира во неа. Тие збунето се погледнаа. По неколку прашања се испостави дека тие никогаш немале пенетрациски однос. Морав да им објаснам, како се прават деца и како изгледа водењето љубов ако планираат да го прошират семејството“.
7. Умереност и контрацепција
„Една пациентка беше многу вознемирена затоа што забременила и покрај користење на антибеби таблетите. Таа ја земала таблетата само оној ден кога имала однос“.
Можеби сакате да ги прочитате и исповедите на 5 жени за тоа како е кога се воздржувате од секс додека не стапите во брак?