Пензиониран свештеник објаснува зошто црквата го измислила „Пеколот“

Пензиониран свештеник објаснува зошто црквата го измислила „Пеколот“

Свештеникот Џон Шелби Спонг смета дека пеколот не постои.

Пензиониран свештеник објаснува зошто црквата го измислила „Пеколот“

„Верувам во живот по смртта, но не мислам дека тоа е поврзано со наградување или казнување.“

Џон е пензиониран свештеник од Епископската црква, а од 1979 до 2000 бил епископ во Њу Џерси, САД. Тој смета дека пеколот е измислен од црквата со цел да ги контролира луѓето, а неговото мислење навистина се прославило.

Религијата измислува идеи и концепти, како и секое друго креативно претпријатие. Некои од овие идеи им помогнале на многу луѓе да најдат значење во својот живот. Сепак, многу од концептите смислени од религијата ги натерале луѓето да прифатат систем на однесување кој ќе им гарантира награда во задгробниот живот. Тој изјавил:

„Религијата секогаш го контролира бизнисот, а тоа е нешто што многу луѓе не го разбираат. Тоа е бизнис на создавање вина, па ако имате место, односно рај, каде што сте наградени за вашата добрина и место, односно пекол каде што ќе бидете казнувани, тогаш можете да го контролирате населението.“

Ефектот на заканување за казна поради лошото однесување ја потиснува љубопитноста на луѓето.

„Па тие го создаваат ова ужасно место кое плаши многумина низ историјата, а тоа е дел од контролирањето“.

Тој смета дека пеколот е мит и дека потребно е луѓето да веруваат во него за да преживее самата црква. Многу луѓе стануваат религиозни барајќи водство во хаотичниот свет, што резултира со луѓе кои се помалку одговорни за своите постапки.

„Црквата не сака луѓе кои растат, бидејќи не може да контролира возрасни. Токму поради ова зборуваме за преродување. Кога одново ќе се родите, пак сте дете. Луѓето не треба да се раѓаат одново, потребно е да пораснат и да прифатат одговорност за себе и за светот.“

Невозможно е да се одреди каде оди човечката душа по смртта, но религијата сепак создава мотиви за пекол и рај. Ова ги плаши луѓето, па тие се вртат кон црквата барајќи спасител.

„Секоја црква што ја знам смета дека е вистинска и дека има целосен авторитет. Го имаме Папата, ја имаме Библијата. Идејата дека вистината на Бог може да се пронајде во секој човек, во секоја книга е како фантазија за мене. Бог не е христијанин. Бог не е евреин или муслиман или будист. Ова се човечки системи кои ги создале луѓето.“

Што мислите вие на оваа тема? Дали се согласувате со Џон Шелби Спонг?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар