Пауло Коелјо: Како да го пронајдете вистинскиот пат?
Пауло Коелјо е бразилски лиричар и новелист кој е еден од омилените на многу луѓе во светот. Добитник е на бројни награди кои сведочат за неговиот специфичен талент со зборовите, а литературните дела на кои го потпишува своето име се преведени на повеќе од 80 светски јазици. Во продолжение прочитајте ја неговата поучна приказна која носи моќна порака.
Учителот шетал низ едно поле со пченица. Ученикот дошол до него и рекол: „Не можам да го најдам вистинскиот пат. Во што е тајната?“
„Што значи за тебе тој прстен кој го носиш на десната рака?“, го прашал учителот.
„Мојот татко ми го даде пред да почине“, одговорил ученикот.
„Дај ми го сега мене“.
Ученикот го послушал, му го дал прстенот и учителот го фрлил во житното поле.
„Сега што?!“, викнал ученикот. „Сега морам да престанам да правам сѐ што правев досега за да го најдам прстенот. Тоа е важно за мене!“
„Кога ќе го пронајдеш, сети се на ова: Сам си даде одговор на прашањето кое мене ми го постави“, рекол учителот.
„Така ќе го пронајдеш вистинскиот пат за сѐ – тоа е оној којшто е поважен од сѐ друго!“