Градот на виното: Зошто треба да го посетите Бордо во 2022 година?
Во Бордо сите улици, згради, куќи и дворови претставуваат музеј на отворено. Малите улички сигурно нема да ве остават рамнодушни. Распослан на брегот на реката Гарона, овој град е познат како еден од главните градови на виното во светот.
Идеално време за посета на Бордо е периодот од мај до октомври. Ако сте љубител на виното и сакате да посетите и дел од винарските региони на градот, најдобро е однапред да ја испланирате посетата бидејќи за време на гроздоберот посетителите не смеат да ги посетат лозовите насади.
Посебен шарм на регионот му даваат реките Гарона и Дордоња кои се влеваат во Атлантскиот Океан. Покрај виното, Бордо е познат и по своите музеи. Златната доба на овој град бил 18 век, а по Втората светска војна започнала обновата на градот кој меѓу другото е еден од најважните француските градови. Градот на Виктор Иго и Франциско Гоја, Бордо е прогласен за дел од светското културно наследство според УНЕСКО.
Најдобар начин за ориентација е токму реката Гарона која минува низ центарот на градот. Како дел од најимпресивните места се вбројува плоштадот Кенконс, еден од најголемите европски плоштади. Тука е сместена познатата фонтана – споменик на Жирондинците, а плоштадот од двете страни е опкружен со паркови.
Камениот мост на Наполеон е најстариот мост над Гарона. Изграден по наредба на императорот, се состои од 17 столбови како симбол на 17-те букви кои се содржат во името Наполеон Бонапарта.
Доколку го посетите градот, не пропуштајте ја можноста за крстарење по Гарона која извира во северните делови на Шпанија и е долга 602 километри. Крстарењето по реката е прекрасен начин да го запознаете градот и целата област.
Откако прочитавте за Бордо, можеби ќе сакате да прочитате и каде се произведува најскапото вино во светот.
Извор: nationalgeographic.rs