Патници кои се подосадни и од бебе кое без прекин плаче за време на целиот пат

Патници кои се подосадни и од бебе кое без прекин плаче за време на целиот пат

Многумина уживаат со целото свое срце за време на патувањето, без разлика дали станува збор за автобус, воз, брод или авион. Но, постојат и патници кои патувањето ги прави нервозни, зборлести, па дури и склони на алкохол со цел да си го забрзаат времето додека патуваат. Токму овие патници се оние кои негативно влијаат врз сите, но проблемот дополнително се зголемува доколку тие се сместени на седиштето до вас. Погледнете дел од најдосадните патници и неколку начини на кои можете да се справите со нив…

Патници кои се подосадни и од бебе кое без прекин плаче за време на целиот пат

1. Патникот со кој се борите за место на раката

Долгото патување со себе носи и борба за место на раката, особено доколку сте во автобус или авион. Понекогаш оној кој седи до нас целосно го има окупирано потпирачот за раце, па ако сакаме и ние да го користиме, ќе мора да се „туркаме со раце“ за него. Ова не би се случувало доколку пред почетокот на патот се направи договор за наизменична употреба на ова место.

2. Патникот кој едноставно не може да седи мирен

Секогаш има еден патник кој е многу нервозен, постојано ја тресе својата нога, никако не може да најде удобна позиција и доколку станува збор за воз или авион, цело време станува и шета. Но, она што е најинтересно е дека овој патник секогаш успева да го најде своето место до вас. Токму затоа нареден пат, наместо постојано да станувате со цел да му направите простор да помине, договорете се да ги смените вашите седишта со цел да се поштедите од постојаните прекини на книгата која ја читате.

3. Патникот кој го клоца вашето седиште од позади

Ви се случило ли некогаш баш во оној момент кога сте задремале, некој од позади да го удри вашето седиште и да ве преплаши? И тоа не се случува само еднаш, по грешка. Понекогаш дури и се запрашувате да не случајно се борат патниците кои седат позади вас, бидејќи едноставно нема друго логично објаснување за константните удари кон вас. Обидете се уште на почетокот културно да им воочите за овој проблем, бидејќи не би сакале да го поминете патот во исчекување на следниот удар.

4. Патникот кој зборува без прекин

Замислете го следново сценарио. Вие сте пресреќни бидејќи ќе патувате сами и детално сте го испланирале вашето време за патувањето. Ја имате омилената книга покрај вас, одлична музичка плејлиста за релаксирање и место до прозорецот кое ви гарантира неверојатни пејзажи. Но, одеднаш сфаќате дека сè пропаѓа во вода откако по првите 2-3 минути од патот ја дознавате целата историја на патничката која седи до вас… Би ви предложиле да бидете искрени со неа, но да бидеме реални тоа нема да успее. Токму затоа можеби би требало да бидете малку сурови и да ја игнорирате или пак, да се преправате дека спиете (доколку патот не е долг).

5. Патникот кој претерал со алкохолот

Без разлика дали станува збор за личност која не поднесува добро патувања, па решила со алкохол да се смири или пак, за група на пријатели кои сакале да си го направат патот поинтересен, никогаш не е забавно да се биде во близина на луѓе кои не се свесни за своите постапки. И покрај тоа што не можете ништо да направите во оваа ситуација, ви препорачуваме да ги ставите слушалките, да го пуштите звукот до максимум и да се обидете да заборавите на хаосот кој се случува околу вас.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар