Парови со прекрасни фотографии ни докажуваат дека љубовта е вечна
Стареењето е процес којшто ниедна личност во светот не може да го избегне. Се случува секому. Но, љубовта никогаш не старее. Додека сродните души стареат во физичка смисла, нивната меѓусебна љубов е млада како и на денот кога се запознале. Фотографиите служат за да нѐ потсетат дека иако многу работи се отежнуваат како што времето изминува (слушањето, одењето, пеењето, танцувањето, играњето со најмилите…) само едно нешто останува исто, константно и непроменето – а тоа е способноста да се сака.
Во продолжение погледнете ги сите овие парови кои одлучиле одново да ги направат своите стари фотографии за да ја докажат својата бесмртна љубов.