Парк на Алпите што на лето станува прекрасно езеро
Ова е Зеленото езеро кое се наоѓа во Стирија, Австрија. За време на студената зима овој регион е тотално сув и претставува прекрасен парк.
Кога температурите почнуваат да се зголемуваат во пролетниот период, мразот и снегот од планините почнуваат да се топат, со што целиот регион тотално се поплавува со кристално чиста вода, која станува зелена поради тревата и растенијата на нејзиното дно. За време на летниот период ова езеро достигнува длабочина и до 10 метри, што го прави рај за нуркачите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.