Париз како Венеција
Дали сте знаеле дека во 1910 година, Париз бил погоден од огромна поплава, па преку ноќ заличел на Венеција? Кога ќе погледнете слика од поплавата, навистина изгледа неверојатно што му се случило на градот на светлината. Овој краток фотореалистичен филм е создаден од Оливиер Кампањ и Вивиен Балѕи. Неговата цел е да го претстави градот поплавен, како што тоа било случај пред точно еден век, но овојпат наместо низ него да проаѓаат луѓе со гондоли и чамци, тој е мртов и мирен. Видеото е морничаво, но сепак, на некој чуден начин, релаксирачко. Музиката и звуците ќе ве наежат, а од глетката на градот ќе ви поминат морници низ телото. Иако видеото е направено да изгледа како еден вид уметност, сепак неговата цел е да предупреди дека ваквите случувања после подолг период можеби може повторно да се случат.
Американскиот магазин „Newsweek“ смета дека историјата неизбежно ќе се повтори. За жал властите не би можеле со сигурност да предвидат кога поплавата би можела повторно да се случи, до ден-два пред несреќата. Поради големата урбанизација на Париз, тој денес е изложен на поголема опасност од пред еден век и покрај тоа што заштитата е подобрена.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.