Парите сепак играат улога: Платата може да има големо влијание на вашата врска
Едно неодамнешно истражување спроведено на Факултетот во Корнел докажало дека паровите што заработуваат отприлика исто имаат постабилна врска, посреќни се и имаат поголеми шанси да стапат во брак. Патрик Ишизука, авторот на оваа студија, изјавил дека еднаквоста поттикнува стабилност меѓу мажите и жените во економскиот аспект и може да ја направи секоја љубовна врска посилна и подобра.
Од друга страна пак, постои теорија дека паровите што заработуваат приближно еднаква сума пари почесто се одлучуваат за брак затоа што во нивниот живот постои солиден приход и од двете страни, па никој нема да се чувствува како „финансиски проблем“ во врската. Иако целиот имот станува заеднички кога ќе стапите во брак, докажано е дека луѓето подобро се чувствуваат кога придонесуваат за врската исто колку и другиот.
Станува збор за еден вид сигурност – и двете страни вложуваат исто, па ако нешто се случи со нивната врска, тие ќе излезат од неа без поголема загуба. Затоа и полесно се одлучуваат на брак. Па, што мислите вие? Дали и вам ви значи ова (можеби дури и несвесно) или сметате дека одлуката за брак не треба да има никаква поврзаност со финансиите?
Не заборавајте и дека лагите во врска со парите можат да ви ја уништат врската или бракот!