Пари, љубов или помалку килограми: Што сакаат жените во 2016 година?
Во оваа интересна студија која опфатила повеќе од 1.000 жени, од сите дами кои учествувале се барало да ги откријат и наредат по важност своите приоритети во врска со желбите и целите за следната година. Секако, анкетарите најмногу ги интересирале големите желби, а не оние кои се симпатични и реални, како нови штикли, кои се пренесуваат од година во година.
Одговорите биле прилично слични. Да почнеме од почеток. Во листата од 3-те најпосакувани нешта биле здравјето, намалувањето на телесната тежина и парите. Интересно е што девојките кои припаѓаат на генерацијата милениумци, на прво место ги ставале парите.
Според оваа студија, дури 45% од испитаните жени не планирале да донесат некои важни одлуки за 2016 година, додека 41% од нив не сакале да се откажат од своите животни цели кои не се поврзуваат со конкретна година. Сепак, песимизмот очигледно владее меѓу жените во овој период од годината, бидејќи половина од нив не веруваат дека можат да ги остварат овие замисли.
Другиот дел од студијата го покрил ова прашање за остварувањето желби. Токму тука и се наоѓаат интересните резултати. Иако 91% од испитаните жени верувале дека нивните желби се реални и остварливи, само 5% од нив се труделе и се придржувале до ветувањето да ги остварат.