Парфем креиран од 1.400 други парфеми

Парфем креиран од 1.400 други парфеми

Создаден од холандското уметничко дуо Ленерт и Сандер, „Everything“ е уникатен парфем создаден од 1.400 примероци од сите нови парфеми кои беа пуштени во продажба во минатата, 2012 година. Можете ли да замислите како тој би можел да мириса?Парфем креиран од 1400 други парфемиБизнисот со парфеми се развива подобро од кога било и изгледа како секојпат кога ќе отвориме списание или ќе го вклучиме телевизорот, да има реклама за некој нов парфем. Постојат буквално илјадници нови мириси кои се лансираат секоја година и изгледа како на светот да не му е доста од купување нови парфеми. Инспирирани од просперитетниот пазар, холандските артисти Ленерт и Сандер потрошиле цела година колекционирајќи 1.400 примероци од сите парфеми кои излегле во продажба минатата година и ги помешале сите заедно, создавајќи туба од 1,5 литри, која содржи моќен мирис, со право наречен „Everything“ (Сѐ).

Доколку некогаш сте се запрашале како би мирисале сите парфеми на светот, помешани во еден, овие момци ви го даваат одговорот.
Парфем креиран од 1400 други парфеми

„Ние мислиме дека Everything мириса како една вообичаена парфимерија, оној миризлив ѕид кој ве удира во моментот кога ќе влезете во продавницата. Еден наш пријател мисли дека мириса на Шанел #5. Ние не мислиме така, но ни се допаѓа идејата дека сите парфеми од 2012 измешани заедно, создаваат парфем кој потсетува на најлегендарниот парфем во светот“ – велат артистите.

Но, само затоа што претставува мешавина од 1.400 различни парфеми, не значи дека на сите ќе им се допадне, забележал Ленерт. Кога Ленерт прснал од парфемот на себе во студиото и потоа се качил во трамвај, згодниот маж кој седел до него, инстантно станал и си нашол друго седиште, после помирисувањето на „Everything“. „Но, Everything не е за секого“ – заклучиле двајцата креатори.

Ленерт и Сандер го презентирале нивното миризливо дело во периодот 1-9 март во Париз во продавницата „Colette“ и им понудиле на нивните клиенти да се охрабрат да го помирисаат откачениот микс.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар