Парестезија: Еве зошто ни трпнат рацете и нозете

Парестезија: Еве зошто ни трпнат рацете и нозете

Скоро на секој му се случило да го проживее таканаречениот „синдром мртов екстремитет“, кога вашата рака или нога се здрвува, а вие чувствувате како да ви поминуваат иглички низ неа. Но, сте запрашале ли некогаш зошто тоа се случува? Што всушност претставува трпнењето на рацете и дали можеби е опасно по здравјето? Во продолжение прочитајте нешто повеќе причините за појавата на ова необично чувство.

Еве зошто ни трпнат рацете и нозете

Што претставува трпнењето на рацете и нозете?

Додека „трпнење“ или „иглички“ се интересни начини да се опише оваа сензација, медицинскиот израз за неа е парестезија. Парестезијата може да се случи од неколку причини, но најчесто се случува поради притисок на нервите. На пример, кога сте спиеле потпрени на вашата рака и по одреден временски период таа ќе почне да ви се здрвува и да трпне. Тоа е така бидејќи снабдувањето со крв до тоа место е повремено прекинато, па вашата рака и вашиот мозок престануваат да комуницираат. Мозокот не може да заклучи што се случува со екстремитетот, па не може да испрати ниту соодветна дразба. Ваквото чувство се јавува за да обрнете внимание на вашите занемарени екстремитети.

Дали трпнењето е опасно?

Во повеќето случаи, трпнењето не е опасно. Доколку вашите екстремитети одвреме-навреме знаат да се здрват, станете и раздвижете се. Но, ако трпнењето не исчезнува и перзистира како симптом, тогаш можеби е знак на нешто друго. Доколку искусувате здрвување на екстремистите на подолг временски период, тогаш треба да го посетите вашиот доктор. Долгорочното трпнење може да биде знак на некое поголемо здравствено нарушување како ишијас, воспаление на нервите, мозочен или срцев удар, па дури и мултиплекс склероза. Разговарајте со вашиот лекар ако раздвижувањето не го олеснува ова чувство.

Што можете да сторите за трпнењето?

Обично, кога ви трпнат рацете или нозете, вашиот мозок треба да регистрира дека нема комуникација со делот кој се здрвил. За да го помогнете тој процес, притиснете на местото на кое чувствувате трпнење, но бидете понежни бидејќи тој дел од телото е здрвен, па не можете добро да го разликувате интензитетот на болката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар