Пар претворил камион во подвижен дом што изгледа подобро од повеќето станови
За многу луѓе купувањето куќа изгледа како нереална фантазија. Но овој пар од Нотингхем, Англија, решил да ги направи работите на свој начин. Бидејќи и двајцата сакаат да патуваат, а нивните работни места бараат да бидат надвор, одлучиле дека им е потребен дом што ќе може да патува со нив.
Па, по неколку пива, Мартин добил идеја – да купат „голема американска камп приколка“. Изгледа дека идејата се задржала и по пијанството, па Мартин и Иона почнале да планираат да купат камион во кој би можеле да живеат.
Иона и Мартин пребарувале на „eBay“ и нашле камион кој претходно бил користен за разнесување леб, за само 4.000 евра. Парот потрошил околу 22.500 евра за реновирањето.
Ова е изгледот на реновираниот камион. Марти и Иона планираат да живеат во него и да заштедат на сместување додека патуваат низ Европа. Иако однадвор не изгледа како нешто посебно, внатрешноста на камионот е претворена во удобен и топол дом.
Домот е целосно опремен и има сè што е потребно. Додека Мартин го завршувал потешкиот дел од работата, Иона го дизајнирала ентериерот на камионот.
„Пред околу 4 години испив малку повеќе и помислив да купам камп приколка. Го купивме камионот во мај, оваа година. Поминавме 4 месеци постојано работејќи на него.
„Навистина сме среќни што нема потреба да работиме и сè направивме самите. Неверојатно е што можете да направите.“
Продолжува на следната страница…