Паметен уличен мачор следел жена до продавница и барал од неа да му купи храна, па таа го вдомила

Паметен уличен мачор следел жена до продавница и барал од неа да му купи храна, па таа го вдомила

Мачките се интелигентни суштества, особено мачките скитници, кои треба да ја искористат својата интелигенција за да преживеат на улиците. Нивниот живот е тежок бидејќи треба постојано да бараат храна и да се борат за нивните животи. Овој бел мачор без опашка имал суров почеток на животот како скитник. Меѓутоа, додека барал храна, случајно го пронашол својот дом засекогаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @conejo_elgato on

Жената се изненадила кога мачката започнала да ја следи до продавницата

33 годишната Тања Лизбет Санотс Кој Това која била учителка во основно училиште, забележала залутана мачка во локалниот супермаркет во Пиедра Неграс во Мексико. Во видеото кое го направила, може да се види дека мачорот ја гледа Тања и кога таа нежно го погалува, тој почнува да ја следи до супермаркетот. Ја води до местото каде стои храната за мачки и со шепата и покажува кон омилената храна. Тој го познавал брендот на храна за мачки кој му се допаѓал и Тања симпатично се насмеала на тоа.

 

Мачорот дирекно се упатил кон делот каде стои храната за животни

Тој со шепата покажал кон производот што го сака

Добра вест е тоа дека тој не добил само храна, тој добил и топол дом

Тања била воодушевена од ова кутро мало маче и решила да го посвои. Таа му го дала името Конејо, што значи „зајак“, бидејќи тој немал опашка. Сега Конејо бил безбеден и здрав, добил медицинска нега, дури имал и омилена играчка, Рене. Тој сега немал потреба да талка по улиците по храна и бил многу среќен мачор.

Новата сопственичка му го дала името Конејо (Зајак)

Тој ја добил својата омилена играчка, Рене

Добил и медицинска помош

Пред мачорот да биде вака совршен на фотографиите, морал да помине низ процес на закрепнување поради многуте рани што ги имал. Не се знае дали раните биле поради лошото однесување на луѓето или едноставно затоа што тој бил вклучен во борбите со други улични животни. Тој дозволувал да го допираат и да се грижат за него, но неговото лице постојано било многу тажно и исплашено, дури и кога бил вдомен. Сопствениците немале милениче до сега, но тој ги научил на важна лекција, а тоа е дека мораат да покажуваат почит, љубов и емпатија кон другите суштества, споделила сопственичката на мачорот.

Сега тој е среќен мачор

Можеби сакате да прочитате и за малото куче што бара кучиња со меко крзно за да може да спие на нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар