Палаван, најубавиот остров на светот

Палаван, најубавиот остров на светот

Светот крие неверојатни места. Убавини, природа, приказни. Дури и кога ќе го прошетате цел список со егзотични дестинации, секогаш има уште некое кое не сте го истражиле. Едно од тие места е сигурно островот Палаван.

Прашањето кое неминовно ќе си го поставите откако ќе ги видите фотографиите во продолжение е зошто Филипините се потценета дестинација и покрај преубавите острови и плажи. Островот Палаван е дефинитивно највоодушевувачкото место кое досега сте го виделе, а тоа го потврдува и фактот дека се наоѓа на првото место според Condѐ Nast Traveler’s Readers Choice Awards. Овој т.н. мал рај на земјата ќе ви го одземе здивот во една секунда и ќе направи да посакате веднаш да се најдете таму.

(1)-Palavan-najubaviot-ostrov-na-svetot-kafepauza.mk.jpg

Тишина, тиркизно-зелена вода, шуми и преубави песочни плажи. Што ли уште ви треба?

(2)-Palavan-najubaviot-ostrov-na-svetot-kafepauza.mk.jpg

Островот Палаван, заедно со соседните острови, ја сочинува провинцијата Палаван позната како Рајот.

(3)-Palavan-najubaviot-ostrov-na-svetot-kafepauza.mk.jpg

На островот има неколку рибарски села, а природата е како неистражена џунгла која ве примамува да ја доживеете во еден здив.

(4)-Palavan-najubaviot-ostrov-na-svetot-kafepauza.mk.jpg

Познат под името Последната граница, единствениот начин да дојдете до островот е со брод или авион од повеќе околни места, како што се Манила и Себу, додека идеален период да отпатувате таму е помеѓу мај и октомври.

(5)-Palavan-najubaviot-ostrov-na-svetot-kafepauza.mk.jpg

Покрај планинарењето и нуркањето, постојат и многу тури со брод кои ќе ве прошетаат до соседните острови, а кои ќе ви овозможат да ги видите Ел Нидо, група острови кои привлекуваат поради специфичниот песок на Островот на змиите (островот е во форма на змија) и Заливот Бакуит, кој мами со прекрасните бели песочни плажи, различните морски видови кои може да ги запознаете, карпите и лагуните. Патувањето може да го продолжите во Пуерто Принцеса каде ќе имате прилика да ги пробате превкусните кулинарски деликатеси, а во Корон ќе можете да преспиете во некој од неверојатните луксузни хотели кои како да се од друг свет.

Philippines, Palawan island, Bacuit archipelago at El Nido.

Од животинскиот свет, ќе ве изненадат виолетовите ракчиња, филипинскиот глушец-елен, филипинскиот панголин, големиот број прекрасни видови пеперутки и (малку страшната) палаванска мечка-мачка.

underwater

Доколку сте фан на нуркањето, тогаш дефинитивно мора да земете некоја од турите. Палаван нуди неверојатен подводен свет за сите љубители и овозможува неповторливо искуство.

(8)-Palavan-najubaviot-ostrov-na-svetot-kafepauza.mk.jpg

Доколку сепак сакате да испробате нешто уникатно, ако им веруваме на УНЕСКО, треба да земете една од турите во подземната река или пак послужете се со најкористеното превозно средство таму – трициклот, за да го истражите островот подетално.

(9)-Palavan-najubaviot-ostrov-na-svetot-kafepauza.mk.jpg

Убавините на Палаван со сигурност ќе ве уловат, по што ќе посакате никогаш да не заминете од таму.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар