Пабло Пикасо и неговиот генијален ум

Пабло Пикасо и неговиот генијален ум

Прочитајте ги овие цитати од генијалецот Пабло Пикасо, кои ќе ви покажат дека бил подеднакво генијален во повеќе полиња од животот исто колку и во уметноста.

Пабло Пикасо и неговиот генијален ум

 

„Секое дете е уметник. Прашањето е како да останеме уметници кога ќе пораснеме.“

„Целта на уметноста е да ја избрише прашината на секојдневието од нашите души.“

„Секогаш го правам она што не можам да го направам со цел евентуално да научам како да го правам.“

„Компјутерите се бескорисни. Тие даваат само одговори.“

„Треба многу време за да станеш млад.“

„Инспирацијата постои, но треба да нѐ начека додека работиме.“

„Љубовта е најголемото освежување во животот.“

„Би сакал да живеам како сиромашен човек со многу пари.“

„Остави го за утре само она кое сакаш да не го направиш пред да умреш.“

Пабло Пикасо и неговиот генијален ум

„Мајка ми еднаш ми кажа: ‘Ако бидеш војник, ќе станеш генерал. Ако си свештеник, ќе станеш Папа’. Наместо тоа, јас сум уметник и станав Пикасо.“

 

„Бог е всушност само уште еден уметник. Ги измислил жирафата, слонот и мачката. Нема вистински стил. Само си продолжува да испробува разни нешта.“

„Секоја позитивна работа има и своја негативна страна… генијалноста на Ајнштајн доведе до Хирошима.“

„Сѐ што можеш да замислиш е реално.“

„Успехот е опасен. Почнуваш да се копираш себеси, а себекопирањето е поопасно од тоа да ги копираш другите. Тоа води до непродуктивност.“

„Сѐ е чудо. Чудо е тоа што никој не се растопува во бањата како коцка шеќер.“

Пабло Пикасо и неговиот генијален ум

 

„Мора да имаш идеја што ќе правиш, но тоа треба да биде неодредена идеја.“

„Не стануваме постари, туку позрели.“

„Младоста нема возраст.“

„Идејата е само почетна точка и ништо повеќе. Штом почнеш да ја развиваш, умот почнува да ја менува.“

„Другите видоа нешто и прашаа: ‘Зошто?’ Јас видов што може тоа да биде и прашав: ‘А зошто да не?’“

„Што всушност е лицето? Фотографија? Шминка? Или е лице насликано од ваков или онаков сликар? Што е тоа од напред? Внатре? Одзади? А другиот дел? Зарем секој не гледа на себе на свој особен начин? Деформитетите, едноставно, не постојат.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар