Пабло Неруда: „Ако ме заборавиш“

Пабло Неруда: „Ако ме заборавиш“

Пабло Неруда е еден од највлијателните и најголеми поети од минатиот век. Оставил длабока трага во уметноста, а во негова чест ние ви претставуваме дел од неговите најпознати стихови.

Пабло Неруда: „Ако ме заборавиш“

„Ако ме заборавиш“

Сакам да знам
една работа.

Знаеш како е,
ако гледам
кристална месечина, црвена гранка
во бавна есен на мојот прозор,
ако низ огнот
ја допрам недопирливата пепел
или збрчканото тело на клада,
сè ме носи кон тебе
небаре сè што постои,
мирисите, светлоста, металите
се како мали чамци кои пловат
кон твоите острови што ме чекаат.

Е, па добро
ако малку по малку престанеш да ме сакаш,
и јас ќе престанам да те сакам
малку по малку.

Ако одеднаш ме заборавиш
не ме барај,
јас веќе ќе те имам заборавено.

Ако мислиш дека е долг и луд
ветерот на знамиња
што поминува низ мојот живот
и одлучиш
да ме оставиш на брегот
на срцето каде што се моите корења
запомни
дека тој ден,
тој момент
ќе кренам раце
и ќе ги искорнам своите корења
во потрага по друга почва.

Но,
ако секој ден
секој час,
се согласиш да бидеш моја судбина
со неумолива сладост,
ако секој ден доаѓа
еден цвет до твоите усни барајќи ме
o љубов моја, о моја
во мене целиот тој оган се повторува,
во мене ништо не е изгасено или заборавено,
мојата љубов се храни со твојата љубов, сакана,
и сѐ додека живееш таа ќе биде во твоите раце
никогаш не напуштајќи ги моите.

Прочитајте ги и овие прекрасни љубовни стихови и цитати на Ѓорѓе Балашевиќ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар