Оженете се со интелигентна жена и заборавете на Алцхајмеровата болест

Оженете се со интелигентна жена и заборавете на Алцхајмеровата болест

Постојат голем број карактеристики кои мажите и жените сакаат да ги поседува нивниот иден брачен другар. Сите имаат одредена визија околу тоа како би изгледале совршениот сопруг или сопруга. Резултатите од една нова студија спроведена од доктор Лорен Вејли од шкотскиот Универзитетот од Абердин, внесуваат уште поголема возбуда во потрагата по совршениот животен партнер.

Оженете се со интелигентна жена и заборавете на Алцхајмеровата болест

Ова истражување упатува на тоа дека мажите кои се женат со интелигентни жени, имаат помалку шанси да развијат Алцхајмерова болест. Тоа има смисла, затоа што д-р Вејли потенцира дека интелигентните разговори и стимулативните активности го штитат мозокот од оваа болест.

Досега сме слушнале дека Алцхајмеровата болест и деменцијата можат да се превенираат со здрав секс во поодминати години. Но, ова најново истражување кое посочува на тоа дека да се има прекрасна и паметна жена крај себе, значи намален ризик од појавата на дегенеративната болест, можеби ќе доведе до револуција кај мажите при изборот на брачна партнерка.

Сепак, добро е да се знае дека постојат сè поголем број научни докази кои потврдуваат дека преку интелектуална стимулација можат да се превенира или да се забави развојот на Алцхајмеровата болест. Затоа потрудете се постојано да го ангажирате вашиот мозок и вашите сетила. Изберете културни настани, филмови, театарски претстави, посета на музеи, креативна работа, со кои преку ментална гимнастика ќе си го подобрите вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар