Овој вулкан е една од најпопуларните планински дестинации во Индонезија
Дали ги имате видено оние високи водопади во егзотични џунгли што често ги споделуваат на Инстаграм? Најдовме една таква дестинација за секој што би сакал да ја доживее оваа убавина на природата и не е сигурен каде точно може да ја најде. Едно такво идилично и фотогенично место се индонезиските водопади познати како Тумпак Севу или Кобан Севу. Сместени се на познатиот остров Јава, каде што се наоѓа главниот град Џакарта.
Ver esta publicación en Instagram
Спектакуларните водопади се снабдуваат со вода од реката Глидик, а колку вода добиваат и колку се богати, сведочи грубиот превод на нивното име: Илјада Водопади. Тие се високи околу 120 метри, па затоа се меѓу највисоките водопади во Индонезија. Можете да им се восхитувате од високо, односно од врвот на карпите, но исто така може да се спуштите и до езерата што ги формираат.
Она што е попопуларно од водопадите е активниот вулкан Семеру, кој е на само 14 километри оддалеченост. Во последните 200 години имало 55 ерупции, а во некои периоди се случуваат мали ерупции на секои 20 минути. Без оглед на тоа што е вулкан, тој е исто така една од најпопуларните планинарски дестинации во Индонезија. Сместен е во националниот парк Бромо Тенгер Семеру каде има уште неколку вулкани, четири езера и дури 50 реки.
Не е изненадување што ова место е доста популарно меѓу туристите и покрај вулканот. Затоа, бидете подготвени за можноста од гужви (особено за време на викендите), но исто така и напорот што ќе треба да го вложите за физички да се приближите до локацијата. Сепак, штом застанете пред водопадите и ја видите оваа неверојатна природа во живо, тоа чувство ќе се исплати.
Ver esta publicación en Instagram
Ver esta publicación en Instagram
Прочитајте за овој австриски замок во кој стотици сиромашни луѓе биле осудени на смрт без причина.