Овој веб-сајт ви дозволува да шетате низ светот ако се согласите да се грижите за туѓи миленици
Можете ли да замислите луксузно сместување на вашите патувања – од фармите во Франција до вилите на плажа во Австралија, и сѐ тоа во замена за чување на неодоливи крзнени пријателчиња? Една компанија, наречена „Trusted Housesitters“ (Верни чувари на куќи), може да ви го дозволи токму тоа за околу 100 долари на годишно ниво!
Концептот е едноставен, а сепак генијален – луѓе ширум целиот свет што сакаат да патуваат, но се чувствуваат виновно кога ги оставаат милениците дома, се спојуваат со проверени патници што би сакале да го чуваат нивниот дом, како и милениците, во замена за престој.
За да ги добиете најневеројатните домови за престој, најпрво мора да изградите добра репутација. Но тоа сигурно ќе ви оди лесно, ако сте подготвени да чувате миленици што се близу до вас за да добиете добри оценки. Откако ќе го соберете потребното искуство, вие сте подготвени за палатата на три ката во која отсекогаш сте сакале да живеете, додека истовремено се дружите со неодоливи четириножни пријатели!
Како да патувате низ Европа со ограничен буџет?