Овој сингл маж ја доби титулата татко на годината откако посвои 4 деца со посебни потреби
Запознајте го Бенџамин Карпентер, 33-годишен хомосексуален маж со добро срце што живее во Шипли, Западен Јоркшир. Тој е познат низ цела Велика Британија како инспиративен човек. Причината за тоа е неговата одлука да посвои четири дечиња со инвалидитет со цел да им помогне да пораснат во малку подобар свет.
Бенџамин признал дека од млади години посакувал да биде родител.
„Растењето во рамките на религиозно семејство остави во мене предиспозиција за родителство, па затоа и постојано размислував за посвојување бидејќи имањето биолошки деца никогаш не ми беше приоритет. Со оглед на тоа што децата со посебни потреби се секогаш на дното на листата за посвојување и во многу ситуации, дури и кога некој има желба за нивно посвојување, може да биде комплицирано да им се најде соодветно место за живеење, јас решив да направам мала промена.“
Патувањето на Бенџамин започнало пред 10 години, кога тој го посвоил своето најстаро дете, Џек. Момчето сега е на 10-годшна возраст, а страда од аутизам и опсесивно-компулсивно растројство.
6-годишната Руби дошла неколку години подоцна, и таа страда од проблеми со движењето и физички инвалидитети.
По неа била посвоена и биолошката полусестра на Руби, Лили, која е глува и со сериозни оштетувања. Целото семејство го научило јазикот на глувонемите за да можат да комуницираат со неа.
Најмладиот член на семејството е 2-годишниот Џозеф, кој има Даунов синдром и многу комплексни потреби поврзани со него.
На Бенџамин му биле потребни 3 години за да ги убеди авторитетите дека е сериозен за посвојувањето и на тој начин станал еден од најмладите хомосексуалци во државата што посвоиле дете. Овој супертатко вели дека има потешкотии при одгледувањето на децата, како и дека често го осудуваат затоа што е хомосексуалец во улога на сингл татко, но тоа не го спречува да биде пресреќен со своите одлуки.
„Често добивам коментари дека не е во ред тоа што го правам токму затоа што сум геј и затоа што и децата ќе ми станат геј како мене. Некогаш до мене стигаат и гласини дека сум го правел сè ова за пари. Ако ме прашувате мене, тоа се само коментари со коишто можам да се справам. И во поголемиот дел од случаите, кога ќе поразговарам со некои од овие луѓе, тие почнуваат да разбираат зошто го правам ова.“
Да не беше Бенџамин, којзнае каков ќе беше животот на овие дечиња со посебни потреби. Тој признава дека светот се менува, и дека нештата стануваат малку полесни. Исто така вели и дека е отворен за идејата да посвои и петто дете.
„Сите мои деца ми носат неизмерна среќа. Кога се будам наутро и размислувам каков би ми бил животот без нив, единственото нешто што ми паѓа напамет е дека би ми бил многу празен!“
Погледнете го и ова малтретирано 7-годишно момче со различни очи и зајачка уста наоѓа мачка која е иста како него!