Овој син канал е најпопуларната оаза за фотографирање
Со цел да се фотографираат за социјалните мрежи, доаѓаат туристи од целиот свет, но овој канал не е наменет за тоа.
Солената пустина Боневил во северозападна Јута, во Сад, веќе неколку години е хит меѓу туристите. Тоа е прекрасна област долж Големото Солено Езеро – најголемото природно солено езеро на западната хемисфера и едно од најсолените во светот.
Иако истражувањето на необични и скриени места е омилена активност на светските патници, сепак е важно да се почитуваат правилата на локалното население. Синиот канал е делумно на приватна сопственост, насекаде има знаци за забрана и не треба да се посетува без претходно одобрување од сопственикот. Покрај тоа, треба да знаете дека каналот не е природен феномен, туку вештачки направен за индустриски цели. Имено, локалната компанија „Intrepid Potash“ го користи каналот во процесот на вадење минерали. Иако водата не е отровна, таа не е наменета за капење. Исто така, локалните власти предупредуваат дека некои делови од синиот канал може да бидат нестабилни, што значи дека може да се срушат.
Погледнете го овој совршен парк во Њујорк за кој веројатно не знаевте.