Овој маж се венчал со својот смартфон за да докаже важна поента

Овој маж се венчал со својот смартфон за да докаже важна поента

Она што се случува во Вегас, не останува секогаш во Вегас. Токму затоа и еден маж минатиот месец се венчал со својот смартфон во Градот на гревовите за да ја потенцира опседнатоста на општеството со потребата да се остане поврзан.

Овој маж се венчал за својот смартфон за да ја докаже неговата поента за општеството

„Да бидеме искрени: Ние се поврзуваме со нашите телефони на толку многу емотивни нивоа. Се потпираме на нив кога сме осамени, потребни ни се за да нè смират, заспијат, да нѐ ослободат од негативните мисли и според мене, токму од овие работи треба да се состои една врска. Така што, до некаде врската со мојот смартфон била најдолгата врска што сум ја имал. Затоа решив да видам како е да се венчаш со телефон“, изјавил Ерон Червенак.

Червенак официјално „скокнал во тавче“ со неговиот сакан на 20-ти мај, и покрај тоа што бракот не е навистина признаен од страна на Невада, бидејќи не се смета за легален. Без разлика на тоа, тој се надева дека видеото од неговата малку нехристијанска церемонија ќе послужи како симболичен гест кој соодветно ја прикажува љубовта на општеството кон телефоните.

„Се надевам дека мојата венчавка ќе биде прифатена како чин на симболичен гест кој покажува колку бесценето значење добиваат телефоните во нашите секојдневни животи и се надевам дека другите ќе си го постават истото прашање кое се однесува на врската што ја имаат со нивните телефони“, вели Червенак.

Погледнете го следново видео кое ја прикажува оваа необична венчавка и ќе ве замисли дали овој потег е генијален или се граничи со лудост.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар