Овој хотел со 50.000 книги е сон на секој љубител на книгите
Со околу 50.000 книги, веројатноста за добри временски услови и со внатрешен џин-бар, многумина ќе посакаат овој португалски хотел да биде нивната следна дестинација за посета.
Хотелот „The Literary Man“ е лоциран во Обидос, град кој е стар седумстотини години и се наоѓа на оддалеченост од околу 90 минути од главниот град на Португалија, Лисабон. Овде љубителите на книги можат да се сретнат со многу наслови и жанрови, од стари, до белетристика и книги за готвачи.
За жал, не се сите книги наменети за продавање, но тоа не треба да ви претставува проблем, затоа што во склоп на хотелот има голем салон каде што можете да поминете време читајќи.
Амбиентот го надополнува и џин-барот каде што можете да се опуштите.
Па, со книгите и џинот, нема да најдете подобро место за да го поминете вашиот одмор!
Погледнете уште фотографии од оваа пријатна атмосфера, на наредната страница…