Овој едноставен трик може да ви помогне лесно да се ослободите од стресот

Овој едноставен трик може да ви помогне лесно да се ослободите од стресот

Никој не може да биде имун на нервозата, анксиозноста и непотребните грижи. Стресот може многу лесно да ја преземе контролата во нашиот живот, доколку ние тоа го дозволиме. Но, постои еден многу едноставен трик со кој можете веднаш да се ослободите од сета негативност која ја чувствувате. Според последното научно истражување објавено во „Дневникот за истражување на околината и јавното здравје“, природата и фотографиите од природата можат да направат да се чувствувате подобро и посреќно.

Овој едноставен трик може да ви помогне да се ослободите од стресот

Истражувачите и научниците од универзитетскиот медицински центар во Амстердам, на 50-тина студенти им дале сензори за следење на електричната активност на нивните срца. Потоа ги поделиле испитаниците во две различни групи: На првата им биле покажани фотографии од зеленило и природа, а на другата фотографии од урбани средини, градови, гаражи. На двете групи им бил доделен еден тест по математика и им било кажано дека нивните резултати биле под просекот (иако случајот не бил воопшто таков), за да им се зголеми нивото на стрес. Потоа уште еднаш им биле покажани фотографиите.

Срцевите отчукувања на испитаниците на кои им биле покажани фотографии од природата биле многу посмирени и намалени, додека другата група, на која им биле покажани урбани простори, искусиле забрзани отчукувања. Генералните резултати покажале дека, покрај прошетките во природата, смеењето и прегратките, гледањето во фотографии од природата може многу да помогне во регулирањето на нивото на стресот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар