Овој човек дал отказ и продал сè што има за да може да патува со својата мачка!
Сите ние се надеваме дека еден ден ќе бидеме успешни. Затоа и постојано вложуваме во нашата кариера. Но, понекогаш, за да го постигнеме тоа, потребно е да потрошиме многу време и труд за напорно работење, за кое пак и немаме многу мотивација. Но, Рич Ист е поинаков. Тој едноставно одлучил да ја напушти својата работа и да продаде сè за да може да патува. Најдобриот дел од целата оваа приказна? Тој патува во придружба со една од најслатките мачки што некогаш сте ги виделе – Вилоу. Ова не е нешто што секојдневно се гледа, се согласувате?
Тие шетаат низ Австралија со подвижен камп веќе 3 години и заедно поминале над 50.000 километри. Во текот на своето патување веќе ги поминале сите 6 држави и 2 две територии на Австралија. Исто така успеале и да го испловат Големиот корален гребен и да се возат по планините од Бурктаун, Квинсленд, сè до најсеверните територии. Рич вели дека сретнал многу луѓе што сметаат дека неговата авантура е чудна, најмногу поради тоа што ја носи својата мачка со себе. И тоа воопшто не нè изненадува. Но, тој не се жали… баш напротив, вели дека ова е најдобрата одлука што некогаш ја донел во својот живот.
Запознајте ја и оваа мајка која дала отказ од работа за да прошета низ светот со нејзината 5-годишна ќерка!